Алхемијата – празноверие, волшепство или наука? Алхемијата – празноверие, волшепство или наука?
Дали некогаш сте посакале да кренете камче од земјата и да го претворите во злато или во дијамант? Ако сте еден од нив, не... Алхемијата – празноверие, волшепство или наука?

Дали некогаш сте посакале да кренете камче од земјата и да го претворите во злато или во дијамант?

Ако сте еден од нив, не сте единствени. Луѓето имале такви желби уште од древните времиња. Се обидувале евтините метали, како живата и оловото, да ги претворат во злато и сребро. Оваа вештина со која луѓето се занимавале со векови, се нарекува алхемија.

Први алхемичари биле старите Грци и Арапи, од кои верувањето се проширило и низ цела западна Европа. Бидејќи претворањето на  металите во злато на многумина им изгледало веројатно, лесноверните луѓе им давале на алхемичарите цели имоти, со надеж дека ќе се здобијат со непроценливи богатства.

Во темните одани на замоците и кулите, алхемичарите изговарале чудни зборови над големите лонци во кои вриела некоја течност, сé со надеж дека ќе ја откријат големата тајна.

Најчесто употребувани супстанции биле жива, сулфур и арсен.

Подоцна алхемијата се фокусирала на изнаоѓање на таканаречениот камен на мудроста, за кој се верувало дека има моќ на лечење на сите болести, како и моќ за давање вечен живот. А, секако, тој ќе помогнел од обичните метали да се направи злато.

Иако изучувањето на алхемијата не било научно, тоа давало многу полезни известувања за различни материјали. Дури може да се каже дека алхемијата е предходник на хемијата. Многу алхемичари биле само обични авантуристи, но меѓу нив имало и луѓе кои искрено верувале во можноста на алхемијата.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.