Африканско џуџесто еже, домашно МИЛЕНИЧЕ или бодликаво клопче Африканско џуџесто еже, домашно МИЛЕНИЧЕ или бодликаво клопче
Африканското џуџесто еже е сѐ почесто споменувано домашно милениче. Овој мал цицач потекнува од Африка, но во природа може да се сретне и во... Африканско џуџесто еже, домашно МИЛЕНИЧЕ или бодликаво клопче

Африканското џуџесто еже е сѐ почесто споменувано домашно милениче. Овој мал цицач потекнува од Африка, но во природа може да се сретне и во Европа, Азија и Нов Зеланд. На слобода живее до три години, а во домовите неговата старост може да достигне и до девет години.

 

Кон луѓето реагираат одбранбено, така што се склопчуваат формирајќи боцкаво топче, но може да се припитомат откако ќе се навикнат на гласот и на мирисот на сопственикот. Овие животни немаат непријатен мирис и за разлика од хрчакот и другите глодари, не ги гризаат мебелот и каблите во домот. Во природа најчесто се хранат со скакулци, црви и разни инсекти, но може да јадат и листест и коренест зеленчук, како и овошје.

Како домашен миленик ежот може да живее во кафез или терариум, но во неговото живеалиште секогаш треба да му се направи место во кое ќе може да се сокрие. Под надзор може да се пушти да шета низ станот бидејќи се мошне љубопитни и сакаат да истражуваат.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.