БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК; работ на непознатиот свет БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК; работ на непознатиот свет
Секој што летал или пловел од Европа кон Америка, барем во еден момент од патувањето се замислил дали минува преку Бермудскиот триаголник и дали... БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК; работ на непознатиот свет

Секој што летал или пловел од Европа кон Америка, барем во еден момент од патувањето се замислил дали минува преку Бермудскиот триаголник и дали има вистина во приказните за тој мистериозен дел од Светот.

Подрачјето зафаќа површина од 11.400 квадратни километри, од југот на Флорида до Порторико, северно од Бермудските острови и сее страв кај најискусните мерепловци и авијатичари кои минуваат преку него.

Оправдувањата за својот страв ги пронаоѓаат во бројните приказни кои се провлекуваат низ историјата, почнувајќи од XV век, кога Колумбо прв забележал чудни случувања во тој регион. Од тогаш, па до денес, бројот на исчезнати се движи од 500 до 1.000 лица. Некои од нив никогаш не се пронајдени, додека дел од нив, години подоцна, мистериозно се појавиле на друг дел од нашава планета, со потполно избришани сеќавања.

Ако го занемариме Колумбо и неговиот бродски дневник, во кој се запишани чудни светла на небото, полуден компас, светликава магла и слично, првото забележано исчезнување се случило во 1918 година, кога го снемало бродот „Киклоп“, со 306 членови на екипажот, за кои ниту денес нема никакви информации.

Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник е и пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи. Немало никаков знак од десетчлениот екипаж, ниту пак, некогаш се дознало што се случило со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но сѐ останато е мистерија.

Во јавноста најгласно одекнал случајот со „Летот 19“. Се случило на 5 декември 1945 година, кога 5 авиони на морнаричката авијација на САД, со искусни пилоти, мистериозно исчезнале во тој дел на океанот. Сѐ до судниот момент нивната меѓусебна комуникација се одвивала сосема вообичаено. Одеднаш радио-врската прекинала, а ним и се изгубила секаква трага.

Постојат многу теории околу причините за несреќите. Од страшни урагани, варијации на компасот, морски чудовишта, па дури и НЛО. Малите зелени долго време биле посочувани како најголеми виновници за исчезнувањата на големите прекуокеански бродови и танкери.

Треба да се напомене дека под водите на Бермудскиот триаголник лежи најдлабокиот дел на Атлантикот, Порториканскиот засек, со длабочина од 9000 метри. Се претпоставува дека на неговото дно лежат остатоци од огромен број шпански галии и современи пловила, а некои тврдат дека токму таму е „тоа што ги предизвикува сите несреќи.“

Следува редослед на необјаснети исчезнувања што се случиле во регионот на Бермудскиот триаголник.

1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.

1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.

1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.

1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.

1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.

1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.

1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.

1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.

1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.

1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.

1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.

1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.

1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.

1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.

Што се случило со нив?

До денес не знае никој, но тие случки му дале на овој регион медиумски простор кој постојано се проширува.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.