Вештачки лист што создава еколошко гориво Вештачки лист што создава еколошко гориво
Пред неколку денови научниците претставија едно мошне интересно откритие кое, ако се усоврши, би можело да помогне во борба против загревањето на нашата планета,... Вештачки лист што создава еколошко гориво

Пред неколку денови научниците претставија едно мошне интересно откритие кое, ако се усоврши, би можело да помогне во борба против загревањето на нашата планета, пренесува Science alert.

Листот ослободува гас составен од мешавина на неколку гасови, меѓу кои и водород и јаглероден монооксид. Таквиот гас може да се користи во процесот за производство на разни горива, лекови и ѓубрива за земјоделството…. Денес за негово добивање се употребуваат остатоци од јаглен и нафтени деривати при што се создаваат нус-производи мошне штетни за животната средина.

Вештачкиот лист се чува во вода, а го активира сончевата светлина. Функционира и кога времето е облачно и може да произведе гас без испуштање на штетни компоненти во атмосферата.

„Ако успееме синтетизираниот гас трајно да го произведуваме на овој начин, тоа би станало клучно за воспоставување на нова одржлива хемикалија за индустријата“, вели хемичарот Ервин Рајнер, од универзитетот во Кембриџ.

Иако ефикасноста на вештачкиот лист засега е мошне ниска, таа би можело да се зголеми со дополнителни истражувања.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.