(ВИДЕО) Морски змејови на брегот на Тексас, може да бидат опасни! (ВИДЕО) Морски змејови на брегот на Тексас, може да бидат опасни!
На плажите на островот Падре, во американската сојузна држава Тексас, деновиве се регистрирани ретки суштества наречени „сини змејови“. Иако нивното име би можело да... (ВИДЕО) Морски змејови на брегот на Тексас, може да бидат опасни!

На плажите на островот Падре, во американската сојузна држава Тексас, деновиве се регистрирани ретки суштества наречени „сини змејови“. Иако нивното име би можело да асоцира на големи летечки суштества кои испуштаат оган, станува збор за морски суштества од видот glaucus atlanticus коишто достигнуваат големина од само три сантиметри.

(ВИДЕО) Морски змејови на брегот на Тексас, може да бидат опасни!

Биолозите  за американската агениција Си-Ен-Ен објаснуваат дека ги населуваат водите на Атлантскиот, Индискиот и на Тихиот океан.

Но, иако не се ни приближно големи како митолошките ѕверови што блујат оган, тие сепак се опасни. Сините змејови се хранат со таканаречениот „морски крстосувач“, суштество слично на медуза, коешто на себе има опасни боцки. Интересно е што откако ќе го совладаат својот плен, змејовите ги чуваат неговите боцки како сопствено оружје против агресорите. Ако човек допре некое од овие мали суштества, тие би можело да му нанесат повреди многу поболни од самиот Морски крстосувач.

(ВИДЕО) Морски змејови на брегот на Тексас, може да бидат опасни!

„Затоа, можете да им се восхитувате, но немојте да ги допирате“, советуваат од крајбрежните служби на островот.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.