(ВИДЕО) Најстуденото место на светот, училиштето затвора само ако е постудено од – 50! (ВИДЕО) Најстуденото место на светот, училиштето затвора само ако е постудено од – 50!
Дали е тоа Јелоунајф во Канада, каде смрзнувачките ветрови редовно ја држат температурата под -30 Целзиусови степени? Или е Уланбатор во Моголија, каде почвата... (ВИДЕО) Најстуденото место на светот, училиштето затвора само ако е постудено од – 50!

Дали е тоа Јелоунајф во Канада, каде смрзнувачките ветрови редовно ја држат температурата под -30 Целзиусови степени?

Или е Уланбатор во Моголија, каде почвата мора прво да биде одмрзната пред да се изврши погреб?

Или пак, е тоа Јакутск во Русија, каде само на неколку вида авиони им е дозволено да слетуваат?

На сите овие места студенилото е точка на гордост, каде смрзнувачките температури не само што се толерираат, туку и се слават.

Но, кој е навистина најстудениот град на Земјата?

Информатичката служба на Светската метереолошка организација е местото од каде изминативе 30-години се следат климатските состојби во целиот свет.

Иако е најстуден град во Северна Америка, Јелоунајф сепак не е најстудениот град на светот.

Најстудената постојано населена човечка населба се смета дека е Ојмјакон во Русија, место со 500 луѓе кои се борат за егзистенција на температури кои паѓаат и до -67 Ц степени.

Таму училиштата ги затвораат вратите само ако температурата падне под -52 степени.

Погледнете во видеото како е да се живее во Ојмјакон:

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.