(ВИДЕО) Откриен пајак кој дише преку своите нозе! (ВИДЕО) Откриен пајак кој дише преку своите нозе!
Овој подводен пајак може да живее во плитки, но и во двабоки води дури до 7000 метри. Може да се најде во Австралија, Средоземното... (ВИДЕО) Откриен пајак кој дише преку своите нозе!

Овој подводен пајак може да живее во плитки, но и во двабоки води дури до 7000 метри. Може да се најде во Австралија, Средоземното море, Пацификот, Медитеранот и Карибите. Од оваа фамилија пајаци, ширум светот живеат 1300 видови и варираат во просек од 1 милиметар до дури 70 сантиметри во должина.

Морскиот пајак е прекрасно животно кое крие многу тајни, меѓутоа, од неодамна со една тајна помалку.

Биолозите успеале да одговорат на прашањето како ова суштество успева да дише кога нема шкрги, а ниту бели дробови. Еден тим на истражувачи од Универзитетот во Монтана, загатката со дишењето на морските пајаци ја одгатна на примерот на неговиот најголем вид на светот, проучувајќи ги морските пајаци на Антарктикот, а откритието е објаснето подетално во списанието Journal of Experimental Biology.

Научниците тргнале од претпоставката дека морскиот пајак кој живее на Антарктикот, кислородот од водата мора да го внесува во телото директно низ површината на своето тело, а начинот на кој функционира неговото срце, ги упатува научниците на точно одреден дел од телото.

Станува збор за неговите нозе и своевидното црево кое не служи за варење, туку се протега низ нозете, а притоа и низ самото тело, размерно малечко во однос на нозете, така што со стискање и опуштање во рамномерен ритам, циркулира хемолимфата.

Хемолимфата за раковите, инсектите и пајациете претставува она што за ‘рбетниците е крвта. Значи, одговорот морал да се крие во површината на оклопот и нозете. За таа цел научниците ги гледале нозете на овој пајак под микроскоп и притоа откриле ситни пори на оклопот и нозете, доволно длабоки за да животното се снабди со кислород.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.