(ВИДЕО) Света Елена, последниот дом на Наполеон Бонапарта (ВИДЕО) Света Елена, последниот дом на Наполеон Бонапарта
До пред неколку месеци, малкумина имаа слушнато за островот Света Елена, еден од најоддалечените острови во светот. Се наоѓа на 2000 километри од Африка... (ВИДЕО) Света Елена, последниот дом на Наполеон Бонапарта

До пред неколку месеци, малкумина имаа слушнато за островот Света Елена, еден од најоддалечените острови во светот. Се наоѓа на 2000 километри од Африка и е британска прекуморска територија каде може да се стигне со бродот Royal Mail, како и авионски од јужноафриканскиот град, Јоханесбург.

Овој остров е означен како Галапагос на Атлантикот. Тука има густи шуми од папрат, вулкански патишта и карпести брегови кои се дом на 2.932 вида животински видови, од кои 502 се ендемични.

Поголем дел од ендемичните видови, се наоѓаат под брановите, длабоко во водата, причина заради која ова место нунди и нуркачки авантури.

Има точно 20 места за нуркање, а туристите кои не се подготвени за нуркаат, можат да видат делфини, желки и многу други уникатни видови живи суштества. Најголемите кои можат да се сретнат се китови кои мигрираат во период од јуни со декември.

Туристите можат да престојуваат во хотел со 4 ѕвезди во главниот град, Џејмстаун. Таму имаат wi-fi, но конекцијата е сѐ уште ограничена и многу скапа, што пак, остава простор на патнциите комплетно да уживаат во убавината околу нив.

Инаку, света Елена е островот кој бил последниот дом на францускиот император и војсководец, Наполеон Бонапарта. Longwood House, куќата каде што починал, денес е музеј за туристи.

Наполеон Бонапарта ја предводел Франција во периодот од 1804 до 1814 година. Бил основоположник на многу реформи на Француската револуција. Тој е еден од најголемите воени генијалци во XIX век; ја освоил цела Западна Европа и Египет. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 година и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Во 1815 година Наполеон бил прогонет на островот Света Елена, сместен во трошна куќичка и чуван од голема војска. Умирел на 5 мај 1821 година, а неговите последни зборови биле – Франција, војска, Жозефина…

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.