(ВИДЕО) Секое суштество има право на живот, конструирана инвалидска количка за риби (ВИДЕО) Секое суштество има право на живот, конструирана инвалидска количка за риби
Иако повеќето од нас рибите не би можеле да ги замислиме како домашни миленици, споредувајќи ги со бушавите и меки четвороножни палавковци, што постојано... (ВИДЕО) Секое суштество има право на живот, конструирана инвалидска количка за риби

Иако повеќето од нас рибите не би можеле да ги замислиме како домашни миленици, споредувајќи ги со бушавите и меки четвороножни палавковци, што постојано сакаат да се мазат, има и такви кои би сториле сѐ за своите миленици од аквариумот.

Еден од нив е модниот дизајнер, Хенри Ким, кој откако се соочил со загуба на неколку златни рипки поради болест на рибниот меур, орган кој им помага правилно да пливаат и да ја одржуваат длабочината, решил да направи „инвалидско помагало“ со кое ќе им го продолжи животот. Го нарекол „инвалидска количка“.

Успешно го тестирал и веќе го применил кај неколку болни и  повредени рипчиња. Единките со заболен меур може да живеат само неколку месеци, но со овој пронајдок ќе имаат долг живот.

Во продолжение можете да видите како функционира:

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.