Ги знаете ли седумте тајни на Таџ Махал? Ги знаете ли седумте тајни на Таџ Махал?
Ремек делото на архитектурата и еден од најголемите споменици посветен на вечната љубов, со векови е обвиткан со бројни мистерии, за кои туристите воопшто... Ги знаете ли седумте тајни на Таџ Махал?

Ремек делото на архитектурата и еден од најголемите споменици посветен на вечната љубов, со векови е обвиткан со бројни мистерии, за кои туристите воопшто и не се досетуваат.

Еве некои од нив… 

Мавзолејот во Агра е најпознатиот споменик во Индија кој го изградил могулскиот цар Шах Џахан во периодот од 1632 до 1647 година, посветувајќи и го на својата љубена жена Мумтаз Махал, која починала при породување.

Сепак, историјата на Таџ Махал е обвиена со вел на мистерија, а ние ви претставуваме неколку од неговите најпознати тајни:

  1. Оптичките илузии можат да се видат насекаде

Архитектите и занаетчиите кои работеле на изградбата на Таџ Махал биле мајстори на пропорциите и оптичките трикови. Кога првпат ќе пријдете кон главната капија која го врамува ова здание, тоа ќе ви делува неверојатно блиску и големо, но, како што ќе му се приближувате, ќе се намалува, спротивно од она што го очекувате.

Иако минарињата кои ја опкружуваат гробницата изгледаат совршено исправено, тие се всушност малку навалени напред, што е функционално и и помага на формата: освен што обезбедува естетски баланс, во случај на несреќа како земјотрес, столбовите би се распаднале подалеку од главната крипта.

  1. Враќање на сјајот на велелпната градба

Староста и загадувањето ја нарушуваат фасадата од бел мермер која е претворена во кафено-жолтеникава нијанса. Понекогаш, споменикот добива спа ден и се користи течност мултиани мити, традиционален рецепт кој го користитат Индијките за да исчистат Таџ Махал. После овој третман, дамките и валканиците исчезнуваат и се враќа неговиот првобитен сјај.

  1. Најпознатиот мит за Таџ Махал 

Според легендата, Шах Џахан очајнички посакувал мавзолејот да биде ремек дело без конкуренција во светот, а за да биде сигурен дека никој нема да ја имитира убавината на Таџ Махал и да изгради такво слично здание, тој наводно наредил на мајсторите да им се отсечат рацете и да им се извадат очите. Сепак, историчарите се уште не пронашле никакви докази кои би ја поткрепиле оваа приказна.

  1. Ги менува боите во текот на денот

Една од бројните магии на Таџ Махал е што во текот на целиот ден ги менува нијансите: од утро до мрак, сонцето целосно го трансформира објектот и го менува доживувањето на глетката. За време на изгрејсонцето, ќе ви се причини дека е во бледи нијанси на сива и розе боја, на пладне е бел, додека во попладневните часови поприма портокалови и бронзени тонови, а светло сини навечер. Посебни билети за посета се продаваат за време на полната Месечина и на затемнувањето.

  1. Двата кенотафа се празни

Спомениците подигнати во чест на Мумтаз Махал и Шахот Џан се затворени во осмоаголна одаја која е украсена со полускапоцени камења и неверојатна решеткаста мермерна ограда. Сепак, овие преубави споменици се само за покажување, бидејќи вистинските саркофази се наоѓаат во просториите под одаите.

  1. Бил планиран уште еден Таџ Махал од црн меремер

Легендите велат дека Шахот Џахан сакал да направи идентичен мавзолеј спроти Таџ Махал, на другата страна на реката Јамуна, но, од црн меремер. Се верува дека изградбата ја прекинал неговиот син, но, историчарите не пронашле никакви докази кои ја поткрепуваат оваа приказна.

  1. Таџ Махал е речиси совршено симетричен

Оваа градба претставува врв на могулската архитектура, изграден во беспрекорна симетрија. Минарињата ја опкружуваат гробницата и куполата, а централниот дел претставува главна зграда. Градините, симбол на рајот, поделени се во квадранти, а двете згради од црвен песочник, му пружаат на мавзолејот баланс и хармонија. Меѓутоа, постои еден исклучок. Гробницата на Шахот е поставена западно од централната оска, што ја нарушува рамнотежата.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.