Дали ги знаете загрозените животни? Дали ги знаете загрозените животни?
Светот е преполн со многу луѓе. Тие градат нов градови и патишта и за таа цел ги сечат шумите и ги сушат мочуриштата каде... Дали ги знаете загрозените животни?

Светот е преполн со многу луѓе. Тие градат нов градови и патишта и за таа цел ги сечат шумите и ги сушат мочуриштата каде што живеат животните. Копното, воздухот и водата се загадуваат. Многу животни тешко можат да ги преживеат овие промени. На некои од нив, дури им се заканува изумирање.

Посебно се загрозени животните коишто имаат многу малку земја на којашто можат да живеат. „Комодо змејот„ е најголемиот гуштер на светот. Тој живее единствено на неколку мали острови во Индонезија.

 

Пеперутката „Кралица Александра“ е најголемата пеперуга во светот. Таа може единствено да се најде во еден мал дел од шумата на Папуа Нова Гвинеја. Делови од оваа шума сѐ повеќе се сечат.

 

Прекрасната птица – квецал, живее во Средна Америка. Со години, таа се ловела за нејзините пердуви. Денес, шумите каде што живее таа се сечат од страна на сиромашните земјоделци за да добијат земја за обработка.

 

Бенгалските тигари живеат во Индија. Тие се заштитени со закон, но ловците сѐ уште ги убиваат. Тие, исто така, ги губат живеалиштата. Во светот, можеби има останато околу 4500 примероци од ова животно.

 

Џиновската панда е многу ретка. Таа живее во влажните бамбусови шуми во Кина. Овие шуми се сечат и на нивно место израснуваат (се градат) нови села. Пандата е меѓународен симбол за конзервација на животните.

 

Речник

Конверзација

Заштитување на животните и грижење за нив во местата каде што живеат.

Живеалиште

Вид земја каде што живее некое животно, како, на пример, шума или пустина.

 

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.