Зошто бил изграден големиот Кинески ѕид? Зошто бил изграден големиот Кинески ѕид?
Околу 221 година пред нашата ера, моќниот кинески цар, Ши Хуанг Ти, успеал да обедини повеќе делови на Кина. Но, северно од неговото царство,... Зошто бил изграден големиот Кинески ѕид?

Околу 221 година пред нашата ера, моќниот кинески цар, Ши Хуанг Ти, успеал да обедини повеќе делови на Кина.

Ши Хуанг Ти

Но, северно од неговото царство, во пустините, живееле варварски племиња на номади, кои според царот претставувале опасност за земјата. Затоа, наредил да се подигне голем ѕид кој ќе ги штити сите северни провинции на Кина.

Кинескиот ѕид навистина бил голем проект, а се завршил за само 15 години. Подоцна бил продолжен и повеќе пати доградуван. Но, дали со тоа царот успеал номадите да ги задржи надвор од Кина? За жал – не. Повремено делови на ѕидот претрпувале оштетувања од разни фактори, па варварите, (подоцна наречени Монголи), постојано влегувале низ урнатините.

Но и покрај се, Кинескиот ѕид и тогаш, но и денес, служи како граница меѓу кинеската и монголската култура; меѓу сточарскиот и номадскиот начин на живот.

Овој ѕид е најдолга градба на светот. Се смета дека достигнува должина од безмалку 5.000 километри. Соѕидан е од земја, камен и печени глинени тули. Висок е помеѓу 5 и 10 метри, а по неговата должина има распоредено и стражарници. На горниот дел има патека широка 4,5 метри.

Денес местото е еднo од Седумте светски чуда и се вбројува меѓу најпосетените туристички дестинации на светот.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.