Зошто листовите пожолтуваат во есен…интересната хемија на природата Зошто листовите пожолтуваат во есен…интересната хемија на природата
Есента е период во кој природата се подготвува за зимскиот сон. Прекрасните бои, кои само ова годишно време може да ни ги подари се... Зошто листовите пожолтуваат во есен…интересната хемија на природата

Есента е период во кој природата се подготвува за зимскиот сон. Прекрасните бои, кои само ова годишно време може да ни ги подари се исто така резултат на тие подготовки за зимување. Но, иако сите им се восхитуваме на боите на есента ретко се запрашуваме што е тоа што на шумата ѝ дава „команда“ дека веќе е време листовите да ја сменат бојата и да паднат од гранките? Зошто листопадните дрвја мора да се откажат од делови од нивното тело и да ги препуштат на изумирање.

Научниците веќе одамна имаат дадено одговор на овие прашања…

Листовите се природна фабрика за храна. Растенијата преку почвата ја впиваат водата и минералите, јаглен диоксидот од воздухот, а со помош на сончевата светлина од нив создаваат глукоза и кислород. Процес којшто се нарекува – фотосинтеза, што во превод значи соединување со помош на светлина.

Глукозата е еден вид шеќер кој растенијата го користат како извор на енергија, но и како градежна компонента за својот раст. Фотосинтезата ја овозможува една супстанца којашто се наоѓа во листовите и им дава зелена боја, а се нарекува – хлорофил.

Како што завршува летото и почнува есента, деновите стануваат сѐ пократки о пократки и на тој начин дрвјата „знаат“ дека треба да се подготват за зима. Имено, преку зимата нема доволно светлина за фотозсинтеза и дрвото ја користи храната што ја создало преку летото. Концентрацијата на хлорофил од листовите полека почнува да се намалува. Како зелената боја почнува да бледнее, почнуваат да се забележуваат жолти и портокалови нијанси кои потекнуваат од пигментите кои во помали концентрации постоеле во листот, но биле прекриени со многу поприсутниот хлорофил.

Во некои видови дрвја, како што е на пример јаворот, по прекинување на фотосинтезата глукозата останува заробена во листот, при што тој добива црвеникава нијанса. Кафеавата боја кај листовите на дабот доаѓаат од отпадни материи што заостануваат во листовите.

Истовремено со смалувањето на количеството на хлорофил, во листот се случува и уште една промена: на местото кадешто дршката на листот се поврзува со гранката, се развиваа нови слоеви клетки и листот постепено се одвојува од дрвото. Ова го намалува снабдувањето на листот со хранливи материи и тој заслабнува. Во еден момент, се откачува и паѓа на земјата.

Листопадните стебла откачувањето на листовите го прават и за да се заштитат од смрзнување. За разлика од нив, зимзелените растенија на своите иглички имаат заштитен слој од восок, кој ги заштитува од студеното време и имаат супстанци кои оневозможуваат замрзнување.

Тука, мора да напоменеме дека паднатите листови не се попусто изгубен дел од дрвјата. Откако ќе паднат на тлото тие се распаѓаат и создаваат хранлив остаток, хумус, кој е мошне богат со органски материи и минерали кои се раствораат во врнежите и со водата се впиваат преку коренот.

 

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.