ИЗГУБЕНИ БОГАТСТВА по кои светот се уште трага ИЗГУБЕНИ БОГАТСТВА по кои светот се уште трага
Веројатно како мали пред зградите сте играле потрага по загубено богатство, но ова понекогаш не е само детска игра. Многу возрасни и ден денес... ИЗГУБЕНИ БОГАТСТВА по кои светот се уште трага

Веројатно како мали пред зградите сте играле потрага по загубено богатство, но ова понекогаш не е само детска игра. Многу возрасни и ден денес се впуштаат во потрага по некое загубено богатство…, за кои често пати и не се знае дали навистина постоело. Понекогаш таквите експедиции завршуваат со успех, но најчесто самите трагачи трагично го губат својот живот.

Ова се само дел од изгубените богатства кои некогаш навистина постоеле, но одеднаш мистериозно исчезнале:

5. Килибарната соба

Германски и руски архитекти во 1701 година почнале со изградба на величествена соба исполнета со килибар (фосилизирана, скаменета смола, што се употребува за изработка на накит и други скапоцености) и бесценети камења за да ја претстават на прускиот крал. Собата била завршена во 1717 година и свечено претставена на Петар Велики. Набрзо потоа, неговата сопруга наредила целата соба да биде преселена во друга палата. До почетокот на Втората светска војна, легендарната соба имала уште неколку преселби.

Во 1941 година се наоѓала во Царскоје село, кое го нападнале и ограбиле нацистичките војски. Иако постоеле одредени напори собата да се демонтира и сокрие, германските војници успеале да ја пронајдат и ја однеле во Кенигсберг, Германија, од каде и се изгубила секаква трага.

По големите воздушни напади во 1945 година, се верувало дека деловите се изгорени, бидејќи во некои документи се споменува оти во некој дворец биле пронајдени „жолти“ изгорени остатоци. Меѓутоа, многу луѓе нагаѓале дека собата можеби преживеала, но само се „загубила“. Една од најпопуларните теории вели дека нацистите ја превезувале преку Балтикот, кога бродот на кој била товарена, потонал и засекогаш останал на дното.

Досега е откриен само еден дел од легендарната Килибарна соба, кој бил воен трофеј донесен во Русија.

Поради својата единствена убавина, Килибарната соба, чија денешна вредност се проценува на околу 250 милиони долари, пред војната се нарекувала „осмо светско чудо“. Иако нејзината судбина можеби засекогаш ќе остане тајна, многу ловци на богатство се уште не се откажуваат од потрагата по неа.

Со помош на оригиналните цртежи и старите црно – бели фотографии, реплика на Килибарната соба била направена во 2003 година, а посветена на претседателот на Руската федерација, Владимир Путин и поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер.

4. Изгубениот рудник за злато (Lost Dutschman’s gold mine)

Според кажувањата, станува збор за мошне богато наоѓалиште на злато скриено во југозападните делови на САД. Името – „Холанѓанин“, го добил според германскиот имигрант, Јакоб Валц, кој го открил во 19 век и неговата локација ја однел со себе в гроб. (Тоа време во Америка изразот – Холанѓанин ( Dutschman ) често пати се употребувал за Германците.

Околу 1845 година, Јакоб Валц од Германија пристигнал во Америка и набрзо го зафатила „златната грозница“ (масовна потрага по злато). Приказната вели дека работел како обичен рудар во рудниците низ Аризона, се до 1870 година, кога открил рудник кој бил преполн со злато. Според кажувањата, Валц оставил и неколку траги на местото, а ветил дека додека е жив, таму ќе однесе најмалку една личност. Иако тоа никогаш не го сторил.

Овие мали парчиња од загатката инспирирале илјадници луѓе да тргнат во потрага по изгубениот рудник на „Холанѓанинот“ и ловот се уште трае.

3. Богатството на островот Оук

Во 1795 година, тројца тинејџери откриле дека земјата на еден дел од островот Оук (Нова Шкотска, Канада) се разликува од останатиот дел. Односно дека е мошне помека. Веројатно немале што друго да прават, па решиле на тоа мест да почнат со копање за да видат што ќе се случи. На нивно големо изненадување, откриле неколку камени плочи со знаци кои биле таму закопани.

Продолжиле со копањето, а на секои три метри наидувале на слоеви дрво. Од својата авантура се откажале кога дошле на длабочина од безмалку 10 метри. Веста за нивното откритие набрзо се проширила и наскоро почнал лов на закопано богатство, иако никој не бил сигурен дали тоа воопшто постои. Неколку групи се упатиле на островот за да си ја пробаат среќата, а една од нив ископала толку земја што предизвикала поплава и оштетувања на островот.

Пред да си помислат дека барањето е залудно, откриле еден камен со чудни симболи, кои се преведени како – „на длабочина од 40 стапки лежат закопани два милиони фунти.“

Каменот со симболите исчезнал во 20 век. Никој не е сигурен во неговата автентичност, ниту пак, во преводот, но потрагата по закопаното богатство на островот Оук, се уште трае.

2. Јајцата „Фаберже“

Скоро секој слушнал за богато украсените јајца Фаберже. Колекција од велигденски јајца што ги изработил Карл Петар Фаберже за руските цареви во периодот ос 1885 до 1917 година. Но, дали знаете дека од Царската колекција недостасуваат осум од нив и оти секое е вредно повеќе од 30 милиони долари?

Од 65 познати јајца Фаберже, 57 преживеале до денес, а од 50 познати јајца од „Царската колекција“, за 42 се познати локациите и сопствениците. Од исчезнатите осум, постојат само слики и документација.

1. Богатството на Јамашита

За време на Втората светска војна, јапонската војска редовно вршела грабежи низ Азија за да собере дополнителни средства за финансирање на војната. Во 1944 година, вицеадмиралот Такехита превезувал плен од Сингапур кон Филипините. Меѓутоа, Американците ги нападнале Филипините и голем дел од пленот останал „заробен“ на копното бидејќи јапонците морале брзо да се повлечат, спасувајќи жива глава. Сите кои што останале да помогнат богатството да се закопа, загинале.

Ова е воедно и дел од приказната што ни вели дека богатството на Јамашита, кое го добило името според Јапонскиот генерал Томојуки Јамашита, можеби е само легенда, бидејќи би било бесмислено Јапонците да носат богатство на местото за кое однапред знаеле дека ќе биде цел на напад на Американците.

Сепак, во целата приказна можеби има и вистина. Еден филипински војник пронашол пештера исполнета со сандаци со златни шипки и скапоцености. Тој зел неколку од нив, заедно со една златна статуа од Буда, но набрзо бил уапсен. Пред да заврши судењето, војникот бил пронајден мртов.

Додека едни тврдат дека Филипинците веќе го пронашле богатството и се уште го чуваат во тајност, други и натаму се скептици и тврдат дека тоа воопшто не постои. Трети пак, упорно го бараат и неговата вредност ја проценуваат на 100 илјади милијарди долари.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.