КАКО ГЛЕДАМЕ? Сетило за вид – ОКО КАКО ГЛЕДАМЕ? Сетило за вид – ОКО
Очите го претставуваат сетилото за вид. Тие ги примаат зраците на светлината, ги собираат и така создаваат слика. Таа слика потоа ја претвораат во... КАКО ГЛЕДАМЕ? Сетило за вид – ОКО

Очите го претставуваат сетилото за вид. Тие ги примаат зраците на светлината, ги собираат и така создаваат слика. Таа слика потоа ја претвораат во сигнали (импулси) коишто, преку нервите, ги праќаат до мозокот. Таму се обработуваат и се интерпретира она што го гледаме.

Окото е најважното човечко сетило бидејќи со него примаме дури 90% од сите информации од околината.

Што е зеница?

Зеница е кружен отвор преку кој светлината влегува во окото. Таа наизглед е црна, бидејќи светлината низ неа поминува без да се одбијат зраците. Зеницата е заокружена со шареницата (ирис). Тоа се кружни обоени мускули коишто се затегаат и се отпуштаат. На тој начин го прошируваат или го стеснуваат отворот на зеницата. Кога е мрак мускулите се собираат и зеницата се проширува. Така се овозможува повеќе светлина да влезе во окото. Кога е светло, мускулите на шареницата се опуштаат и отворот на зеницата се стеснува. На тој начин се огранучива продорот на светлосните зраци кон внатрешноста на окото.

Бојата на шареницата зависи од количеството обоена материја (пигмент). Ако ја има повеќе, ирисот е потемен и обратно. Па така, најмногу пигмент имаат темните очи, а најмалку сините.

Како окото ја изострува сликата?

Окото има заоблена, проѕирна леќа низ која минува светлината кога ќе ја помине зеницата. Откако ќе излезе од леќата светлината доаѓа до другите внатрешни делови каде што треба да дојде јасна слика. Ако сликата не е доволно јасна, мускулите што ја држат леќата добиваат сигнал да се стегнат или да се опуштат. Така и самата леќа ја менува формата и зраците различно се фокусираат сè додека не се добие јасна слика. Исто како што фото апаратот се адаптира на различната близина на предметот што се слика. Ако очната леќа не успее доволно добро да ја изостри сликата ние ќе гледаме заматено. Тогаш треба да се направат прегледи и да се носат очила коишто ќе и помогнат на очната леќа.

ЗАПОМНИ: Долготрајното гледање во компјутер, таблет и мобилен телефон значително ги заморува сите очни елементи и придонесува за побрзо оштетување на видот!

ПРОЧИТАЈ: Како слушаме? СЕТИЛО ЗА СЛУХ – УВО

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.