КАКО СЛУШАМЕ? Сетило за слух – УВО КАКО СЛУШАМЕ? Сетило за слух – УВО
Увото е орган за слух и за одржување на рамнотежата. Составено е од три дела: надворешно, средно и внатрешно уво. Надворешното го сочинуваат ушната... КАКО СЛУШАМЕ? Сетило за слух – УВО

Увото е орган за слух и за одржување на рамнотежата. Составено е од три дела: надворешно, средно и внатрешно уво. Надворешното го сочинуваат ушната школка и ушниот канал. Тоа ги собира звуците од околината и ги пренесува до ушното тапанче, коешто се наоѓа на внатрешниот крај на ушниот канал. Зад него е средното уво.

Го сочинуваат три ковчиња: чеканче, наковална и узенгија. Тоа се најмалите коски во нашето тело, а името го добиле според нивниот изглед. Во овој дел има и едно цевче коешто го поврзува увото со грлото. Се вика „Евстахиева труба“, а служи да го регулира притисокот во средното уво и да го одведе вишокот на секрет од увото кон грлото. Ако увото е воспалено, во него се собира секрет. Тој секрет треба да се испразни преку оваа цевка. Ако тоа не се случи течноста се насобира и врши притисок врз средното уво и почнуваме да чувствуваме болка.

Внатрешното уво, поради својот изглед, се нарекува лавиринт. Се состои од многу полукружни каналчиња што имаат изглед на куќичка од полжав.

Како звукот патува низ увото?

Звукот влегува во увото во вид на звучни бранови. (Бранувањето на звукот може да го почувствувате ако дланката ја поставите врз грлото и почнете да ги изговарате самогласките) Брановите минуваат низ ушниот канал и достигнуваат до тапанчето. Тапанчето почнува да вибрира и вибрациите ги пренесува до малите ковчиња во средното уво. Преку нив треперењето стигнува до внатрешното уво коешто е исполнето со течност. Таму се создаваат бранови чии сигнали (дразби) доаѓаат до нервните завршетоци каде се трансформираат во импулси кои патуваат на интерпретација (обработување и препознавање) до мозокот.

ПРОЧИТАЈ: Како гледаме? СЕТИЛО ЗА ВИД – ОКО

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.