КАКО ЧУВСТВУВАМЕ МИРИС: Сетило за мирис – НОС КАКО ЧУВСТВУВАМЕ МИРИС: Сетило за мирис – НОС
Носот е почетен дел на системот за дишење. Се состои од две симетрични шуплини поделени со преграда. Во него се наоѓаат сензори за мирис.... КАКО ЧУВСТВУВАМЕ МИРИС: Сетило за мирис – НОС

Носот е почетен дел на системот за дишење. Се состои од две симетрични шуплини поделени со преграда. Во него се наоѓаат сензори за мирис.

Зошто дишеме преку нос?

Дишењето преку носот ги заштитува белите дробови од разни нечистотии, а истовремено го загрева и ладниот воздух. Лепливата слузница, со која се обложени носниците ги задржува честичките прав и дел од бактериите. Дишењето на нос, за разлика од дишењето преку устата е природен рефлекс. Знаевте ли дека бебињата не можат да дишат преку уста додека не наполнат 6 месеци?

Како носот ги препознава мирисите?

На слузницата во задниот дел на носот има голем број нервни завршетоци. Кога миризливите честички ќе дојдат до тој дел тие се растопуваат и ги покриваат нервите. Така се создаваат импулси (сигнали) коишто, преку нервниот систем патуваат до мозокот. Таму се обработуваат и ние добиваме информација за видот и квалитетот на аромата.

Дали сте знаеле дека човекот препознава повеќе од 10 илјади мириси?

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.