Кој го измислил чадорот и зошто во минатото го користеле само жени? Кој го измислил чадорот и зошто во минатото го користеле само жени?
Есента е годишно време кое вообичаено се карактеризира со врнежливи денови, поради што често се дружиме со чадорот. За некои од нас, чадорите се... Кој го измислил чадорот и зошто во минатото го користеле само жени?

Есента е годишно време кое вообичаено се карактеризира со врнежливи денови, поради што често се дружиме со чадорот. За некои од нас, чадорите се само алатка која помага да не накиснеме на дождот, за други пак тоа е важен моден додаток. Како и да е, има интересни факти врзани со чадорите кои сигурно не сте ги знаеле до сега.

-Во минатото чадор користеле само жени, затоа што бил симбол на женственоста. Во одредени периоди од човековата историја бил поврзуван со богатство, луксуз и висока мода. За мажите кои носеле чадори, се сметало дека се феминизирани. Тоа се променило некаде во средината на 18 век, откако чадор почнал да носи управник на католичка школа за превоспитување на блудници, кои постоеле во Ирска.

-Најпознатиот чадор на светот секако е волшебниот чадор на Мери Попинс. Секој би сакал да има еден таков чадор, со кој може да се лета, како што тоа го прави необичната англиска дадилка.

-Чадорите се измислени од Кинезите. Првите биле направени од ткаенина и имале облик на купола. Благодарение на патот на свилата, чадорот од Кина стигнал до Кореја и Јапонија, а од таму и во другите делови на Азија и низ Европа.

-Постои и чадор што штити од куршуми. Направен бил по нарачка на поранешниот француски претседател, Николас Саркози. За него платил 10 илјади фунти, а бил изработен од материјали кои се користат за болидите за формула 1 и вселенските летала.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.