Легендата за гласот од планините, што е тоа ЕХО? Легендата за гласот од планините, што е тоа ЕХО?
Многу одамна си живеела една самовила која ја нарекувале Ехо. Била прекрасна, но имала и една маана – таа ги прикривала љубовните неверства на... Легендата за гласот од планините, што е тоа ЕХО?

Многу одамна си живеела една самовила која ја нарекувале Ехо. Била прекрасна, но имала и една маана – таа ги прикривала љубовните неверства на богот Зевс. Нејзиното „молчење“ воопшто не ѝ се допаѓало на „шефица“ на самовилите и сопруга на Зевс, божицата Хера, ја проколнала да не може да изусти каков било збор, туку само да ги возвраќа зборовите што ќе ги чуе.

Еден ден, додека седела крај потокот, Ехо го здогледала прекрасното момче Нарцис кој ловел елени. Се вљубила во него…, но како да му пријде кога не може  ништо да му прозбори… Еден ден додека ловел тој заталкал и се загубил. Во еден момент извикал: „Еј, има ли некој таму“, а Ехо само ги повторила неговите зборови. Нарцис ја повикал: „Дојди ваму“, но слушнал како некој го повикува него. „Да се најдеме наваму“, рекол Нарцис, а самовилата веднаш се стрчала кон местото од каде што доаѓал гласот. Но, кога сакала да му падне во прегратки Нарцис се потргнал и ѝ рекол дека попрво би умрел отколку да дозволи таа да го допре неговото тело. И покрај одбивањето, Ехо не престанувала да чезнее по него. Го сакала дури и по неговата смрт. Тагувала сѐ додека коските не ѝ се претвориле во камен! Останал само нејзиниот глас, кој луѓето сѐ уште може да го се слушне како одек на нашите зборови во планините.

Барем, така ехото го објаснува една стара грчка легенда, што останала да се пренесува до денес.

Се разбира, ова не е вистинската причина за настанувањето на ехото. Како што открила науката, звукот е налик на кружни бранови, слично како кај брановите  што се создаваат кога ќе фрлиме камче во вода. Тие бранови поаѓаат од изворот на создавање и се шират кон сите правци. Кога ќе наидат на некоја препрека, тие  се одбиваат од неа и се враќаат во спротивна насока. Одбиениот звучен бран се слуша како одек, односно – ехо.

Меѓутоа, треба да се напомене дека наидувањето на препреки не секогаш предизвикува одек на звукот. Некои предмети, како што се ткаенините, не го  одбиваат, туку го впиваат звукот. Тоа значи дека тој нема да се врати. Одекот обично се јавува кај мазни, правилни површини, како што е ѕид, тврда карпа или слично.

 

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.