Мистеријата на живиот песок Мистеријата на живиот песок
Луѓето со векови се плашеле од живиот песок и со вознемиреност зборувале за него. Се верувало дека своите жртви ги вовлекува во својата внатрешност... Мистеријата на живиот песок

Луѓето со векови се плашеле од живиот песок и со вознемиреност зборувале за него. Се верувало дека своите жртви ги вовлекува во својата внатрешност сѐ додека целосно не потонат. Сепак, подоцнежните истражувања покажале дека ова не е точно и ако се знае како да се постапи ако се пропадне во жив песок, тој воопшто не е опасен.

Живиот песок е впрочем обичен песок помешан со вода. Тој на изглед не се разликува многу од другите видови на песок во околината, но постои една важна разлика – живиот песок не може да држи тешки предмети. Тој обично се појавува близу утоките на големите реки, околу мочуриштата и на рамни крајбрежја, каде под песокот се наоѓа слој од цврста глина. Водата останува во песокот затоа што глинениот слој под неговата површина не може да ја впие во себе.

Течноста се пробива во празнините на таа мешавина и го обвиткува секое зрно. Тоа значи дека тие стануваат раздвоени меѓу себе.

Тие веќе немаат стабилност, ниту меѓусебна потпора, па под притисок од некој предмет почнуваат да се раздвојуваат, што оневозможува цврстите предмети да имаат стабилна потпора и пропаѓаат во него.

Зрнцата жив песок се разликуваат од обичниот песок по својата форма. Тие се округли, а не аглести и остри како кај обичниот песок. Водата поминува меѓу нив, ги раздвојува и подигнува, така што велиме дека зрната жив песок всушност пливаат.

Ако некој пропадне во жив песок, нема сосема да потоне. Со глед на тоа што, каде што има жив песок, има и многу вода, човекот може со пливање да се одржи на површина. Дури и помалку се тоне отколку во вода. Важно е само да се знае дека движењата во таков случај треба да бидат лесни и бавни, па живиот песок ќе се однесува како вода.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.