Неколку неверојатни факти за неколку неверојатни животни Неколку неверојатни факти за неколку неверојатни животни
На нашата планета постојат многу видови чии карактеристики сѐ уште ги збунуваат научниците и ги восхитуваат вљубениците во природата и живиот свет. Тука ќе... Неколку неверојатни факти за неколку неверојатни животни

На нашата планета постојат многу видови чии карактеристики сѐ уште ги збунуваат научниците и ги восхитуваат вљубениците во природата и живиот свет. Тука ќе претставиме само дел од нив, чии карактеристики веруваме дека и вас ќе ве остават вчудоневидени.

1.Главата на меурестата фока

Мажјакот меуреста фока може да ја надува мембраната до големина на фудбалска топка. Ова служи да ги заплаши ривалите за време на сезоната на парење. Покрај тоа, овој мажјак може да надува црево слично на балон од една од ноздрите.

2.„Лигар“ – животно што се добива кога ќе се спарат лав и тигрица

Лигарот е најголемата мачка на светот и познато е дека добива по 1 килограм секој втор ден. Може да достигне тежина и до 450 килограми и должина од 3 до 3,6 метри. Оваа појава е можна единствено во зоолошките градини или резервати бидејќи во природа животните речиси никогаш не се вкрстуваат со видови различни од нивниот. Од друга страна, природните живеалишта на тигрите и лавовите воопшто не се блиску едни до други.

3. Гепардот – најбрзото копнено животно може да достигне брзина од 0 до 100 км/час за само 3 секунди

Телото на гепардот е создадено за големи брзини. Тој може да трча со брзина и од 112 км/час.

4. Кокосовата краба е најголемиот сувоземен рак со распон на нозете  што достига и до еден метар

Овие краби во поголем број ги има на островите во Тихиот и во Индискиот океан. Се хранат со овошје, зеленчук, птици  пилиња, мачиња, а понекогаш и со други краби. Овие видови се експерти за качување по дрвја. Ако не можат да најдат кокос на земјата, се качуваат на дрвото и го сечат плодот со своите клешти.

5. Диплодокусот можел да ја замавне својата опашка толку брзо што ја пробивал звучната бариера, предизвикувајќи звук сличен на топовски удар

Диплодокусот бил најдолгиот диносаурус, со опашка која содржела околу 80 пршлени. Долгата опашка претставувала противтежа на долгиот врат. Диплодокусот можел да ја движи опашката со суперсонична брзина, предизвикувајќи неверојатно силен звук. Звукот најверојатно служел да ги заплаши потенцијалните напаѓачи или ривали или како знак за комуникација или за додворување.

6. Еден истражувач открил ретка врста на куче. Се работи за куче со двоен нос, откриено во Амазонија, наречено Андеански тигар со двоен нос (double-nosed Andean tiger)

Истражувачот, полковник Џон Блашфорд-Шел неодамна го забележал ова куче во Боливија. Ова куче изгледа како и другите кучиња, но ноздрите му се разделени со преграда од кожа. Се смета дека заради двојниот нос, има поизострено чувство за мирис. Ова куче веројатно води потекло од расата „Pachon Navarro“, што е честа раса во Шпанија. Се смета дека шпанските освојувачи го пренеле ова куче во регионот на Андите.

7. Дракулин – протеин што се наоѓа во плунката на вампирските лилјаци, спречува згрутчување на крвта на пленот додека лилјакот се гости со неговата крв

Овој лилјак се храни со крвта од својот плен. Кога ќе го гризне својот улов, тој му вбризгува состојка наречена дракулин, која спречува крвта да се згрутчи. Тој крвта не ја цица, туку пие додека истекува од пленот. Крвта продолжува да тече се додека не престане дејството на дракулинот.

8. Марлините (sailfish) се најбрзите риби кои можат да достигнат брзина и до 110 км/час

Ова се морски риби, кои обчно ги има во топлите и умерените води во океаните. Обично се наоѓаат подалеку од копното.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.