Од кога луѓето почнале да користат скии? Од кога луѓето почнале да користат скии?
Можеби мислите дека скијањето е модерен спорт, но историските докази велат поинаку. Тоа е всушност еден од најстарите начини на патување кои ги практикувал... Од кога луѓето почнале да користат скии?

Можеби мислите дека скијањето е модерен спорт, но историските докази велат поинаку. Тоа е всушност еден од најстарите начини на патување кои ги практикувал човекот.

Некои историчари пронашле древни цртежи кои прикажуваат луѓе на скии. Тие тврдат дека скијањето постоело уште во каменото време. Многу години пред Новата ера во Скандинавија, Лапонците биле нарекувани „скрид-финен“, што во буквален превод значи „лизгач“. Тие народи дури имале и божица на скијањето, а качен на скии го прикажувале и својот бог на зимата. Со оглед на тоа што овие предели долг временски период останувале под снег, луѓето на некој начин биле приморани да се движат со помош на скии.

Од кога луѓето почнале да користат скии?

Всушност жителите на овие краишта биле потполно зависни од скиите. Скиите биле неопходни при одењето на лов, или на планина во потрага по дивеч, при пазарењето во околните села, или при посетите на пријателите. Најстарите скии за кои се знае биле долги и свиени, најверојатно направени од животински коски, а за стапалата биле прицврстувани со ремен.

Скијањето како спорт се појавило во норвешката покраина Телемарк. Гратчето Моргедал во таа област е познато како „колевка на скијањето“.

Сондре Норхајм, родум од Мондрегал, се смета за „татко“ на модерното скијање. Интересен е податокот кој вели дека Норхајм бил пионер не само во слалом и скокови, туку и во правење скии.

Првиот натпревар во скијање се одржал 1868 година во градот Кристијанија, односно денешен Осло.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.