Откриен животински вид кој живее без да дише, научниците збунети! Откриен животински вид кој живее без да дише, научниците збунети!
Новоидентификуван паразит ги збуни научниците откако се утврди дека живее без да дише. Станува збор за видот Henneguya salminicola, кој паразитира на телото на... Откриен животински вид кој живее без да дише, научниците збунети!

Новоидентификуван паразит ги збуни научниците откако се утврди дека живее без да дише. Станува збор за видот Henneguya salminicola, кој паразитира на телото на некои видови риби.

Воедно, ова е прв вид на нашата планета за кој е докажано дека не само што не дише, туку воопшто нема органели за извршување на таква функција, ниту пак, генетски код за дишење.

Како што пренесува порталот „Live science“, во клеточната градба на овие организми недостасуваат митохондрии, кои се дел од структурата за енергетски метаболизам на клетката и дел од носителите на генот за дишење.

Откриен животински вид кој живее без да дише, научниците збунети!

Видот е впрочем далечен потомок на морските анемони и медузите, но со тек на времето, од засега необјаснети причини, го загубил генот за дишење и се прилагодил на  таков вид на живот.

Ваквиот наод ги побива досегашните постулати дека сите живи организми треба да дишат за да можат да преживеат.

 

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.