ПОГЛЕД ВО ТИГРОВОТО ГНЕЗДО, Манастирот Тацканг во Бутан ПОГЛЕД ВО ТИГРОВОТО ГНЕЗДО, Манастирот Тацканг во Бутан
Паро Такцанг, познат и како Тигрово гнездо, се наоѓа на самиот срт на огромна планина и буквално виси на 900 метри над долината Паро,... ПОГЛЕД ВО ТИГРОВОТО ГНЕЗДО, Манастирот Тацканг во Бутан

Паро Такцанг, познат и како Тигрово гнездо, се наоѓа на самиот срт на огромна планина и буквално виси на 900 метри над долината Паро, во кралството Бутан, на азискиот континент. Претставува најголема туристичка атракција во земјата до која може да стигнат само најхрабрите. Надморската височина на која што е поставен манастирот изнесува неверојатни 3450 метри.

Уште во 1. век будистичкиот гуру Падмасамбава, раскажувал како медитирал токму во Тигровото гнездо, што е мошне важно знаејќи дека тој го раширил тантричкиот будизам низ Бутан и Тибет и се смета важен речиси како и самиот Буда во тие предели.

Според легендите, Падмасамбава слетал на местото каде што денес се издигнува овој манастир носен на грбот на летачки тигар, кој некогаш бил негова љубовница на Тибет.

Неговото доаѓање го донел будизмот во Бутан, а неговото четиримесечно медитирање во пештерата на тигрите ги покорило сите демони во земјата.

Историските податоци говорат дека манастирот почнал да се гради во 17 век од група будистички монаси кои темелите ги поставиле на местото на една пештера што со векови била будистичко светилиште.

Ако сакате да го посетите овој храм, подгответе се за двочасовно искачување по небезбедните патеки. Но, знајте и дека со секој следен чекор пред вас ќе се отвора прекрасниот поглед кон долината Паро.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.