Сите ги сакаме, но дали ја знаете приказната за Fisherman’s Friend? Сите ги сакаме, но дали ја знаете приказната за Fisherman’s Friend?
Денес овие бонбони се познат светски бренд, но „пријателот на рибарите“ има долга историја и интересна приказна… Fisherman’s Friend се појавиле во 1865 година во... Сите ги сакаме, но дали ја знаете приказната за Fisherman’s Friend?

Денес овие бонбони се познат светски бренд, но „пријателот на рибарите“ има долга историја и интересна приказна…

Fisherman’s Friend се појавиле во 1865 година во Западниот брег на Англија. Младиот фармацевт Џејмс Лофтхаус, покрај многуте ефикасни лекови кои ги имал создадено, најголем успех достигнал со создавањето на една лековита течност која во својот состав содржела одредена количина на ментол и еукалиптус.

Оваа течност била многу ефикасна во ублажувањето на настинки, студ и останати бронхијални проблеми кои се јавуваат во зимскиот период.

Како би се олеснил транспортот на лекот, Џејмс ја преработил оваа течност во мали таблетки, кои добиле голема поддршка од локалните рибари кои често страдале од бронхијални болести за време на нивните долги патувања на Северното Море во арктичкиот округ, во зимскиот период.


Од тогаш, рибарите не го напуштале брегот без овие волшебни таблетки и токму затоа го добиле името Fisherman’s Friend, што во превод би значело “Пријател на рибарите”.

Посетителите од блиските индустриски зони, кои доаѓале во крајбрежните одморалишта, наскоро дознале за ефикасноста на таблетките и веста набрзо почнала да се шири низ целата земја. Од тогаш побарувачката за овие таблетки од ден во ден почнала да расте. Сите биле воодушевени од ефикасното дејство на овие мали, волшебни пријатели.

Сега Fisherman’s Friend бонбоните се достапни во повеќе од 100 земји низ целиот свет. За успехот на овој производ сведочат и многуте награди, а денес тие се познат светски бренд признаен во светот од страна на потрошувачите кои уживаат во придобивките и вкусот на богатото портфолио на Fisherman’s Friend.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.