Средновековни дворци и мажи во здолништа, историјата на ШКОТСКА Средновековни дворци и мажи во здолништа, историјата на ШКОТСКА
Доброто виски, гајдите и мажите во женски здолништа, заедно со повеќе од 150 средновековни дворци и мистериозното чудовиште од езерото Лох Нес, се само... Средновековни дворци и мажи во здолништа, историјата на ШКОТСКА

Доброто виски, гајдите и мажите во женски здолништа, заедно со повеќе од 150 средновековни дворци и мистериозното чудовиште од езерото Лох Нес, се само дел од знаменитостите по кои светот денеска ја препознава Шкотска.

Оваа земја не е премногу популарна меѓу љубителите на топлите мориња и песочните плажи, но за трагачите по средновековната култура и историјата, планинската земја на северот на Британија овозможува навистина несекојдневно искуство.

Шкотската историја допира до најдалечното минато на човечката историја. Нејзини пражители биле Пиктите. Народ чие име настанало од латинскиот збор Пиктус, што значи нацртан. На своите тела цртале и тетовирале разни тотеми какви што се пронајдени и на нивните камени археолошки остатоци.

Подрачјето кое денеска го зазема Шкотска римските писатели го нарекувале Каледонија. Освојувајќи ги јужните делови на Британија Римјаните со векови настојувале да ги покорат северните племиња, но без траен успех. Пиктите, односно Галите, биле нивните најнезгодни непријатели.

Во почетокот на 6. век келтското племе Шкоти, од североисточните делови на Ирска, се доселило на подрачјето Аргил, во западните делови на Шкотска. Се соединиле со Пиктите и кон средината на 9. век ги поставиле темелите на кралството Алба.

Во почетокот на 11 век ги поразиле Англиските племиња по што Шкотите, Пиктите, Англите и Британците се соединиле во едно кралство кое го добило името Шкотска. Прв владетел на ова историско кралство бил Данкан Први. Важен период во историјата на Шкотска е востанието на селаните и шкотските патриоти против англиските феудалци кон крајот на 13 век.

Бунтот го предводел Сер Вилијам Волис, витез и шкотски патриот. Најмногу се прославил откако на 11 септември 1297 година ја победил англиската армија во историската битка кај мостот Стирлинг.

Професионалната англиска армија составена од 3.000 коњаници и 10 илјадна пешадија се соочила со вистинска катастрофа при преминување на северната страна од реката. По враќањето од битката, Волис заедно со неговите сојузници бил крунисан за витез од страна на шкотскиот крал Роберт Брус.

Една година подоцна на 1 април 1298 Англичаните ја разбиле шкотската војска. Вoлис бил поразен кај Фалкрик и претрпел големи загуби. По долгодишно криење тој најпосле бил фатен во 1305-та година  и донесен во Лондон да умре како предавник. Но, до последниот здив тој  останал патриот.

Иако Волис бил убиен, востанието добило големи размери. Поразени во 1314 година кај месноста „Бенокбурн“ Англичаните биле приморани во 1328 година на Шкотска да ѝ признаат потполна независност. По смртта на Кралицата Елизабета I, кралскиот престол го наследил Јаков VI. Во тој период е остварена персонална унија помеѓу Шкотска и Англија, но и двете земји уште едно цело столетие ги задржале своите засебни парламенти.

Неговиот наследник, Карло I ѝ наметнал на Шкотска англиска богослужба, што пред средината на XVII век довело до побуна која ја зафатило целата земја и било активатор за почеток на англиската буржоаска револуција. На крајот на XVII и почетокот на XVIII век како во Англија, така и во Шкотска се појавуваат предлози за формирање тесна унија помеѓу двете земји.

Парламентите на двете земји го прифатиле предлогот и од 1 мај 1707 година, Кралството Шкотска со указ за обединување, влегло во рамките на Кралството Англија. Со што е создадено Кралството Велика Британија. Било одлучено да се користи едно знаме, а со државата управувал еден Парламент.

Спомените за древните шкотски владетели  покрај застоениот воздух во камените средновековните дворци, е зачуван и во преданијата за немирните души кои талкаат низ камените ходници. Овие тврдења се некому смешни, а некому страшни, велат туристичките работници, но додаваат дека сите без исклучок со големо внимание ќе ги проследат преданијата за некогашните владетели на Шкотска.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.