Стаклената плажа во Калифорнија Стаклената плажа во Калифорнија
Во раниот 20 век, жителите на месноста Форт Браг (Fort Bragg), во американската сојузна држава, Калифорнија, редовно сметот и остатоците од празни стаклени амбалажи... Стаклената плажа во Калифорнија

Во раниот 20 век, жителите на месноста Форт Браг (Fort Bragg), во американската сојузна држава, Калифорнија, редовно сметот и остатоците од празни стаклени амбалажи ги фрлале од блиската висока карпа кон една обрасната и напуштена плажа.

Кога сметот ќе се насоберел, луѓето ја палеле депонијата и повторно ја полнеле со уште повеќе отпад.

Во 1967 година локалните власти забраниле фрлање отпадоци на плажата и започнале со нејзино расчистување. Успеале да ги отстранат крупните предмети, но парчињата стакло останале меѓу камчињата. Денес разнобојните стакленца сè уште се таму, но веќе се измазнети и претворени во необичен декор.

Од 2002 година таа е дел од паркот Мек-керихер, а изнесувањето на парченцата стакло е најстрого забрането. Иако се обидуваат, на љубопитните туристи не им се дозволува со себе да понесат ниту едно делче од оваа необична стаклеста плажа.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.