ФОТО: Селото на ПОПАЈ МОРНАРОТ навистина постои, на Малта ФОТО: Селото на ПОПАЈ МОРНАРОТ навистина постои, на Малта
Селото на Попај Морнарот, познато уште и како Свитхевен, е забавен парк на Малта, уреден според легендарниот цртан филм. Селото првобитно не било наменето... ФОТО: Селото на ПОПАЈ МОРНАРОТ навистина постои, на Малта

Селото на Попај Морнарот, познато уште и како Свитхевен, е забавен парк на Малта, уреден според легендарниот цртан филм. Селото првобитно не било наменето да служи за оваа цел, туку било изградено за потребите за снимање на филмот – Попај (1980).

На локацијата се изградени повеќе од 20 дрвени конструкции, а кога било завршено снимањето, филмските екипи едноставно си заминале, оставајќи го целиот свет зад себе. Забележувајќи го тоа, креативците од локалното население се досетиле и дополнително го уредиле местото, претворајќи го во вистински забавен парк.

Па, така денес селото е претворено во вистински магнет за домашните и странски туристи коишто сакаат да уживаат во амбиентот на нивниот омилен јунак од детството.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.