


Во националниот парк Глациер, во САД, има повеќе од 700 езера со кристално чиста вода. Нивните ниски температури спречуваат развој на планктони, па низ длабочините на езерата воопшто не е тешко да се забележат деталите на дното.
Една од највпечатливите детали на некои од овие езера е присуството на шарени каменчиња на дното и на бреговите. Едно од најпознатите такви езера со „обоени каменчиња“ е езерото Мекдоналд. Тоа е воедно и најголемото и најдлабоко езеро по паркот.
Бојата на камењата ја одредува присуството или отсуството на железо во околината, а него го има насекаде низ паркот овој интересен национален парк.