Човечко срце според лист од спанаќ Човечко срце според лист од спанаќ
Нова студија објавена во списанието Biomaterials понуди нов начин како да се подобри системот за циркулација на крвта, што со години беше препрека за... Човечко срце според лист од спанаќ

Нова студија објавена во списанието Biomaterials понуди нов начин како да се подобри системот за циркулација на крвта, што со години беше препрека за ткивниот инженеринг. Иако научниците успеваа во лабораторија, со 3-Д печатач, да направат човечки ткива, тие беа без идеја како да ги распоредат малите крвни садови, клучни за опстанокот на ткивото.

„Главното ограничување за ткивниот инженеринг е недостаток на васкуларна мрежа, без која доаѓа до изумирање на клетките од кои е составено тоа ткиво“, објаснува Џошуа Гершлак, еден од авторите на револуционерната студија.

Разгледувајќи ја структурата на листовите спанаќ, посебно нивната карактеристична капиларна мрежа, што потсеќа на мрежата на крвните садови во телото, научниците решиле да го следат примерот на природата.

Од листот на спанаќот, со посебна техника, бил отстранет дел од растителните клетки, така што останала само капиларната мрежа, изградена од целулоза.

„Целулозата е био-компатибилна и има голема примена во регенеративната медицина, како што е развојот на ‘рскавицита, коскената с’рж и зараснувањето на раните“, се наведува во студијата.

Капиларната мрежа била пренесена во медиум со живи човечки клетки и на листот спанаќ, меѓу ситните каналчиња што симулирале крвоток, почнало да расте човечко ткиво.

Потенцијална цел на ова истражување е да се обезбеди замена на оштетено ткиво кај пациенти кои имале срцев удар или страдаат од срцеви болести.

Лидерите на проектот велат дека им престои уште многу работа, но охрабруваат дека веќе се на добар пат.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.