Што е тоа УМЕТНОСТ? Што е тоа УМЕТНОСТ?
Уште одамна луѓето го сакале она што е убаво и настојувале својот живот да го разубават на разни начини. Заради тоа, своите живеалишта, облеката... Што е тоа УМЕТНОСТ?

Уште одамна луѓето го сакале она што е убаво и настојувале својот живот да го разубават на разни начини. Заради тоа, своите живеалишта, облеката и оружјето ги украсувале со разни орнаменти. Своето расположение го изразувале со песни и со игри. Па така, кога биле тажни создавале тажни мелодии, додека пак, кога биле весели свиреле и пееле весели песни.

И денес луѓето настојуваат на разни начини да си го разубават својот живот. Некои сликаат, други вајаат, додека трети компонираат музика, свират или пејат. Има луѓе кои имаат талент да пишуваат песни или раскази, но и онакви кои прават модели за облека. Сево ова претставува уметност.

Уметноста постои одамна, уште кога луѓето живееле во пештери. Тие на карпите цртале слики на разни животни, а од животинските коски изработувале орудија за работа со различен дизајн. Подоцна биле во состојба да изработат и музички инструменти.

Низ вековите, како што еволуирал човекот, така еволуирале и уметностите. Па, бидејќи сите луѓе не биле подеднакво успешни во сите уметности, секој почнал да се насочува и да се занимава со онаа гранка во која што бил најуспешен.

Така, оние уметници кои што се занимаваат со изработка на фигури од глина се викаат вајари, оние што создаваат музика се композитори, а оние што умеат добро да цртаат се сликари. Уметниците коишто прават нацрти за изградба на куќи се нарекуваат архитекти. Оние што пишуваат песни се поети, а оние што пишуваат романи се романсиери.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.