Јанар Даг, „Планината што вечно гори“ Јанар Даг, „Планината што вечно гори“
Сместен на полуостровот Абшерон, 25 километри североисточно од главниот град на Азербејџан, Баку, Јанар Даг, познат и како „Планината што гори“, е голем рид... Јанар Даг, „Планината што вечно гори“

Сместен на полуостровот Абшерон, 25 километри североисточно од главниот град на Азербејџан, Баку, Јанар Даг, познат и како „Планината што гори“, е голем рид на чиј врв има џеб од природен гас што со децении постојано гори. Поточно, никој и не се сеќава дека планината некогаш не горела!

Пламенот што излегува низ отворите во земјата е висок до три метри, а за разлика од други слични локации, тука не избива ниту вода ниту кал, па огнот никогаш не згаснува. Дури има случаи кога пламенот се прошитува на блиските ритчиња, ако таму се појави друг извор на запаллива течност или гас.

Локалното население верува дека запалливата вода, богата со сулфур, има лековити својства, поради што во неа со часови ги потопуваат нозете.

Секако, за ова место постојат различни легенди. Една приказна вели дека некој овчар случајно го запалил огнот кога фрлил догорче од цигара, додека според друга огнот го запалиле глутница интелигентни волци.

Како и да е, местото е прогласено за локално светилиште, па многу верници од Азербејџан, Индија и Иран заминуваат таму на аџилак. Не ретко меѓу луѓето кружи и приказната дека многумина тешко болни планината ја виделе на сон, а кога дошле да ја посетат – оздравеле. Како грев се смета ако на овој рид се искачиш под дејство на алкохол! Се верува дека ако болен човек пие алкохол и се качи на планината, неговата состојба ќе се влоши.

Но, науката вели дека во оваа планина нема ништо мистично и волшебно. Азербејџан е земја со богати наоѓалишта на нафта и земен гас, а Јанар Даг не е единствено место што гори на овој начин. Иако е најпозната, бидејќи интензивно гори подолг период. Доказ за тоа се патеписите на Марко Поло, кој уште во 13. век забележал дека на полуостровот Абшерон има многу места на кои гори оган.

Дури и денес, пламените јазици воодушевуваат огромен број туристи кои секоја година организирано го посетуваат ова место.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.