Зошто се вели дека детелината со четири листови носи среќа? Зошто се вели дека детелината со четири листови носи среќа?
Митот за детелината со четири листови е распространет насекаде низ светот, а потекнува од ирската култура. Четирилисната детелина и денес е традиционален ирски симбол.... Зошто се вели дека детелината со четири листови носи среќа?

Митот за детелината со четири листови е распространет насекаде низ светот, а потекнува од ирската култура. Четирилисната детелина и денес е традиционален ирски симбол.

Уште од многу одамна, речиси кај сите народи, пронаоѓањето на детелина со четири листови се смета за среќно, но зошто?

Во светот постојат околу 300 видови детелини и речиси сите имаат по три листови на едно гранче. Најчести видови кои растат кај нас се бела, црвена и црна. Во одредени случаи и под определени околности, кај сите нив се случуваат генетски мутации (пореметувања во развојот)  и се создаваат детелини со четири, пет па и повеќе листови.

Се смета дека четирилисните детелини носат среќа токму поради реткоста на нивното појавување, па оној кој ќе ги забележи е вистински „среќник“!

Според легендите, Ева изнела четирилисна бела детелина од Рајската Градина. Исто така, во средновековни времиња се сметало дека детелината со четири листови штити од зли духови.

Како и да е, денес детелината со четири листови сè уште е симбол на среќа и се прават многу амајлии, приврзоци, украси и други детали во облик на четирилисната детелинка.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.