Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“
Во средата на 31 јануари, околу полноќ, можевме да ја набљудуваме веќе втората супермесечина за 2018-та година, заедно со т.н. „Сина“ и „Крвава“ Месечина.... Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“

Во средата на 31 јануари, околу полноќ, можевме да ја набљудуваме веќе втората супермесечина за 2018-та година, заедно со т.н. „Сина“ и „Крвава“ Месечина.

Супермесечина (научно: перигејна сизигија) беше заради малата оддалеченост од Земјата (перигеум) од само 359.000 km (наспроти просечните 385.000 km), поради што ќе изгледа околу 13% визуелно поголема и 20-30% посјајна од вообичаеното.

Сепак, по медиумите можеа да се видат фотографии на огромна Месечина, неспоредливо поголема од нормалната појава и од објектите во околината. Како што не информираа од Институтот за географија при ПМФ, најчесто станува збор за фотомонтажа, односно комбинација на 2 фотографии: една обична од даден простор-пејсаж и една фотографија на која Месечината е снимена со зголемување (зум) од 10, 20, 30 или повеќе пати.

 

За да биде вака огромна, Месечината треба да е на само 100.000-150.000 km од Земјата, но во тој случај пак, нашата планета би трпела страшни последици: огромни плимски бранови, зачестени земјотреси и вулкански ерупции со катастрофален карактер, огромни цунами бранови, а денот и ноќта би траеле по само околу 5-6 часа. Во такви услови, тешко дека би постоел животот онаков како што го знаеме, а за човекот воопшто да не зборуваме. Всушност, во геолошката историја, Месечината навистина била толку блиску и толку голема (кога би се гледала од Земјата), но пред повеќе од 2 милијарди години! Тоа значи дека од создавањето, патеката (положбата) на Месечината е се подалеку од Земјата, а таа и денес се оддалечува по околу 3,8 cm годишно или околу 4 метри за еден век.

Терминот пак „Сина Месечина“ не значи дека таква ќе биде нејзината боја, туку е израз за појава на втора полна месечина во календарски месец, што обично се случува на секои 2-3 години. Сепак, оваа 2018 година ќе биде посебна, со две појави на т.н. „Сина Месечина“ (следната ќе се случи на 31 март), а обично двојна Сина Месечина има само 3-5 пати на 100 години (претходната била во 1999, а следната ќе биде во 2037 година). Инаку, изразот Сина Месечина често се користи во англосаксонското говорно подрачје (Blue Moon).

Речиси во исто време со Сината супермесечина, ќе дојде до целосно затемнување на Месечината од страна на Земјата, која неколку часа „ќе се испречи“ на патот на сончевите зраци. Поради дифузно расејување на светлината од земјината атмосфера, сенката на Месечината ќе изгледа црвеникава, поради што и називот „Црвена“ или „Крвава“ Месечина (Bloody Moon).

Интересно е што во овој февруари ќе нема полна Месечина, што се случува само еднаш на 19 години. Инаку, претходно сите три настани се случиле пред повеќе од 150 години, односно на 31 март, 1866 година.

За жал, „Сината крвава супермесечина“ може директно да се набљудува само од Источна Азија, Австралија и западните делови на САД и Канада. Од подрачјето на Македонија, околу 5 часот наутро можеше да се забележи сосема слабо, речиси неприметно затемнување, но затоа истото можеше да се следи директно на интернет.

Видливост на целосното затемнување на Месечината на 31.01.2018 година.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.