Колку аеродроми има во Македонија? Колку аеродроми има во Македонија?
Познато е дека на територијата на Република Македонија има 2 аеродрома за меѓународен воздушен сообраќај. Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“... Колку аеродроми има во Македонија?

Познато е дека на територијата на Република Македонија има 2 аеродрома за меѓународен воздушен сообраќај. Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Освен нив, во Р. Македонија има уште неколку аеродроми кои се со различна намена. Според Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), мрежата на аеродроми во Р. Македонија е класифицирана во 3 категории, и тоа:

  • Аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај;
  • Спортски аеродроми;
  • Леталишта за авиони на стопанска авијација.

Како што и претходно е споменато, во категоријата аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај спаѓаат Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Меѓународниот аеродром се наоѓа на 25 km оддалеченост од Скопје. Полетно-слетната патека на скопскиот аеродром е со должина од 2.450 m и ширина од 45 m.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ се наоѓа на 9 km оддалеченост од Охрид. Полетно-слетната патека на аеродромот е со должина од 2.550 m и ширина од 45 m.

Во категоријата спортски аеродроми со тревнати полетно-слетни патеки на територијата на Р. Македонија има 5 аеродроми, кои се адекватни за сите типови на спортска авијација. Тоа се: Стенковец (Скопје), Аџи Тепе (Куманово), Сушево (Штип), Мало Коњари (Прилеп) и Српци (Битола).

На спортскиот аеродром во Мало Коњари во Прилеп повеќе од 15 години се одржува Светски куп на воздухопловно моделарство и Европско јуниорско првенство. Учество заземаат околу 140 натпреварувачи од 20 држави. Оваа спортска манифестација овозможува посета од голем број странски туристи, со што придонесува за развој на туризмот во Прилеп.

Категоријата леталишта за авиони на стопанска авијација се состои од 6 леталишта, кои вршат услуги главно за земјоделие и шумарство и се наоѓаат во Битола (Логоварди), Прилеп (Сарандиново), Велес (Каратманово), Неготино (Црвени Брегови), Свети Николе (Пеширово) и во Росоман.

Според тоа, на територијата на Република Македонија, моментално има вкупно 13 аеродроми, со можност во блиска иднина овој број да се зголеми.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.