Мрачната тајна на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес Мрачната тајна на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес
Знакот „Холивуд“, на ритчето над Лос Анџелес, е поставен уште во 1923 година, како реклама за градежни активности кои тој период се одвивале во... Мрачната тајна на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес

Знакот „Холивуд“, на ритчето над Лос Анџелес, е поставен уште во 1923 година, како реклама за градежни активности кои тој период се одвивале во регионот. Најчесто во филмовите со деструктивна содржина токму тој знак страда меѓу првите елементи од урбаната инфраструктура. Знакот е препознатлив и познат во целиот свет. Но, иако тој нѐ асоцира на гламур и на филмски ѕвезди, си има и своја мрачна страна.

Овој пат станува збор за тајната што ја крие неговата буква „Н“ (Х). Градот Лос Анџелес, во американската сојузна држава Калифорнија е вистински предизвик за сите кои сакаат да влезат во светот на филмот и да направат кариера на големото платно. Така е и денес, но така било и во минатото. Меѓу оние кои се обиделе да си ја испробаат среќата била и Милисент Лилијан (Пег) Ентвиси. Пег, како што сакала да ја нарекуваат, била родена во Британија 1908 година и во потрага по слава, со своите двајца браќа, се преселила во Америка.

Пег Ентвиси

Се забележува дека во животот имала само една цел – да стане актерка. Иако била позната во театарот како успешен комичар, таа никогаш не престанала да сонува за вистинска слава, онаа филмската. И покрај тоа што добила улога во филмот „Thirteen Women“, таа улога била отфрлена во финалната верзија. Набрзо потоа Пег се изгубила во морето на убави лица што секојдневно пристигнувале во „земјата на соништата.“

Во 1932 година актерката била скршена од неуспехот и борејќи се со депресијата одлучила да си го одземе животот. Се поздравила со нејзиниот вујко, кому му рекла дека ќе излезе со пријателите и се упатила на ритчето – Ли. Таму, каде што биле поставени буквите кои што ја потсeтувале на разочарување и на неуспех. Се качила на буквата – Х и скокнала во смрт.

Вториот ден нејзиното тело го пронашла случајна минувачка и пријавила во полиција. Кај Пег било пронајдено и проштално писмо во кое, меѓудругото, пишувало: „Преплашена сум и голема кукавица. Многу ми е жал за сѐ. Ако ова го направев порано, сите ќе ги поштедев од многу болка.“

Така завршил нејзиниот сон за слава….или, можеби сепак не. Многумина потврдиле дека во близина на знакот Холивуд забележале жена во бело како изгубено лута низ регионот. Приказните за несреќната Пег толку се прошириле што некои не се ни обидувале да се приближат кон знакот на Холивуд. Ловците на паранормални појави често пати го посетуваат местото на кое наводно се појавува Пег. Меѓу најпознатите е екипата на емисијата „Авантура на духови“, која пред некоја година го снимила, како што тврдат, гласот на покојната Пег и неколку фотографии кои не можат да се објаснат.

Се чини дека Пег сепак ја стекнала својата толку посакувана слава, за жал, дури после нејзината смрт.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.