ЏИНОВИ од Каменото време ЏИНОВИ од Каменото време
Иако во околината на Рим има многу археолошки наоѓалишта, на едно од нив, од пред неколку години му се дава поголемо значење. Во долината... ЏИНОВИ од Каменото време

Иако во околината на Рим има многу археолошки наоѓалишта, на едно од нив, од пред неколку години му се дава поголемо значење. Во долината Поледрара ди Чекани, северно од италијанската престолнина, заврши деталното истражување на една од масовните гробници на слонови.

Исклучително добро сочуваните скелети и коски, кои датираат од пред 300 илјади години, фрлиле ново светло на теоријата дека мамутите, кои живееле пред околу 50 илјади години, биле најголемите цицачи што чекореле на нашата планета.

Откриените коски од џиновски слонови откриваат дека тие живееле во средниот и доцен плеистоцен (период меѓу 780.000 и 50.000 години од денес). Биле високи околу пет метри, а тежеле повеќе од шест тони.

Благодарение на новата технологија утврдено е дека местото на кое се токриени коските е место на кое ситовремено умрело големо стадо слонови. Се верува дека ги погодила лоша среќа. Умреле од глад откако пропаднале во кал од која не можеле да излезат. Набрзо, еден по еден, сите слонови биле совладани од крволочните животни.

Иако причината за смртта на овие животни е застрашувачка, калта во која пропаднале ги зачувала остатоците неоштетени, па научниците без многу мака можеле да откријат повеќе податоци за нивниот живот.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.