Безбедност на интернет: СПОДЕЛУВАЊЕ  ФОТОГРАФИИ Безбедност на интернет: СПОДЕЛУВАЊЕ  ФОТОГРАФИИ
Иако интернетот е најбрз и најлесен начин за споделување фотографии со пријателите, треба секогаш да имаш на ум дека тоа секогаш не е најдобриот... Безбедност на интернет: СПОДЕЛУВАЊЕ  ФОТОГРАФИИ

Иако интернетот е најбрз и најлесен начин за споделување фотографии со пријателите, треба секогаш да имаш на ум дека тоа секогаш не е најдобриот и најбезбедниот начин за таквата размена на податоци.

Фотографиите кои еднаш ќе се постават на интернет, повеќе не се само твоја сопственост и не можеш да бидеш сигурен дека нема да бидат препратени и на некое друго место, односно да бидат користени на начин што ти не би го сакал.

Сликите од твоето семејство и пријателите, направени на некој роденден, летување, патување и слично, се само твоја лична сопственост и треба да ги споделиш единствено со оние кои што добро ги познаваш и во кои си стекнал доверба!

Те советуваме, секогаш кога си во дилема околу ова прашање, да се консултираш со твоите родители, кои ќе ти помогнат да одбереш фотографии и да одлучиш дали навистина треба материјалот да го споделиш на јавно место.

Сигурно постои и друг начин сликите да стигнат до вистинската адреса.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.