БОНТОН: Употреба на мобилен телефон БОНТОН: Употреба на мобилен телефон
Пред се, важно е да ги научиш функциите на телефонот, така што ќе знаеш како се исклучува, како се вклучува, но и тоа –... БОНТОН: Употреба на мобилен телефон

Пред се, важно е да ги научиш функциите на телефонот, така што ќе знаеш како се исклучува, како се вклучува, но и тоа – како се намалува и појачува ѕвонењето.

Штом веќе тоа го знаеш, искористи го знаењето и исклучувај го телефонот на места каде што неговата употреба е недолична: во училиште, во кино, театар, читална, библиотека и слично. Истото се однесува и за испраќање СМС пораки.

Кога разговараш преку телефон често пати не си сам. Внимателно прилагоди ја јачината на твојот глас за да не им пречиш на останатите во околината.

Не користи мобилен телефон додека одиш по тротоар или на улица. Така се изложуваш на опасност. Ако е неопходно да се јавиш некому или ако примиш повик, застани на страна, заврши го разговорот и продолжи си понатаму.

Ако телефонот има камера, не снимај и не сликај никого пред да побараш да ти го дозволат тоа. Како би ти било некој да те снима против твоја волја?

Ако уредот заѕвони додека си во друштво и разговараш со некого, не се јавувај и не читај пораки, освен ако на линија не се мама и тато или ако не очекуваш некој важен повик. Ако пак, мораш да одговориш на повикот, причекај личноста со која што разговараш да ја заврши реченицата, а потоа, со претходно извинување, јави се и колку што можеш побрзо заврши го разговорот.

Не влегувај во ничиј дом разговарајќи по телефон. Во просторијата влези откако ќе завршиш со разговорот. Непристојно е домашните да чекаат да те поздрават додека ти си разговараш со некого.

Не го заборавај правописот во СМС пораките. Кратенки користи само ако си сигурен дека тој што ја прима пораката ќе ги разбере. Не пишувај со големи букви. Тоа е исто како да викаш на цел глас.

Не телефонирај и не праќај пораки доцна навечер, рано наутро или пак, во време кога знаеш дека некој се одмара.

Кога ќе се најдеш во друштво на познати или непознати, наместо да зјапаш во екранот и да играш игри, разговарај со луѓето и запознај нови пријатели.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.