ЧУМА; „Црната смрт“ што косеше во средниот век ЧУМА; „Црната смрт“ што косеше во средниот век
Безмалку една четвртина од населението на Европа изумрело за само неколку години. За својот живот не бил сигурен никој, а оние кои успеале да... ЧУМА; „Црната смрт“ што косеше во средниот век

Безмалку една четвртина од населението на Европа изумрело за само неколку години. За својот живот не бил сигурен никој, а оние кои успеале да го преживеат налетот на „црната смрт“, верувале дека дошол крајот на светот. Болните имале силна главоболка, треска и појава на гнојни отоци. Се појавувале под пазувите, на вратот и на препоните, односно на лимфните жлезди.

„Црната смрт“ доаѓа во Европа

Првиот случај на болеста на европскиот континент бил забележан во ноември 1347 година, кога 12 италијански бродови се вратиле од Црното море и се закотвиле во пристаништето – Месина, на италијанскиот остров, Сицилија. Екипажот и патниците лежеле мртви на палубата или пак, биле пред умирање. Никој од присутните не знаел што би можело да биде причина за смртта. Денес го знаеме одговорот на тоа прашање. Имено, на бродовите освен луѓе имало и стаорци. Тие лакомо се нафрлувале на резервите храна, а кога пристигнувале на различни пристаништа тие стаорци се мешале со оние локалните. Бродските стаорци примиле болви инфицирани со смртоносните предизвикувачи на чума и со нив се враќале назад на бродовите. Болвите се исхранувале со крвта на стаорците, па и нив ги заразувале со болеста. Кога умрел и последниот стаорец, болвите почнале да ги напаѓаат и да ги заразуваат и луѓето.

Штом бродовите пристигнале во Месина, заразените стаорци, кои се уште не биле угинати избегале од бродовите и со нив ги разнесле болвите на жителите на Месина. Така, преку стаорците со заразени болви, „црната смрт“ покосила милиони луѓе низ Европа.

Заеднички гробници

Чумата убивала толку безмилосно и масовно, што морало да се копаат големи масовни гробни јами бидејќи поинаку не можело да се погребаат толку многу покојници. Јамите брзо се преполнувале, па многумина биле оставани на местото каде што ќе ги затекнела смртта.

Бидејќи никој не знаел што ја предизвикува чумата, луѓето не знаеле како треба да се борат против неа. Лекарите се обидувале да ја победат со разни лекови и методи. Ништо од тоа не помагало.

Болеста имала неколку облици, но најтежок и најопасен бил оној кога чумата ги напаѓала белите дробови. Во тие случаи болниот со кивање и кашлање ја пренесувале болеста на луѓето во околината.

Имало случаи на септична форма, кога после заразување бактеријата веднаш влегувала во крвта и се размножувала. Во тие случаи смртта настапувала за неколку часа.

Болест што тешко се искоренува

До 1351 година „црната смрт“ веќе почнала да ја губи силата. За тоа време Европа изгубила една четвртина од населението. Но, иако епидемијата завршила, болеста низ разни места во Европа се уште се појавувала со различен интензитет. Тоа траело до 16 век. Потоа се појавувала ретко. Сепак, историјата памети дека во 17 век Лондон бил повторно погоден. Од градот со вкупно 450 илјади жители, од чума умреле повеќе од 75 илјади луѓе.

Денес, чумата се уште е со нас. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се појави во Азија. Само во Индија за 20 години уби околу 10 милиони луѓе. Истата земја ја погоди и неодамна, во 1995 година.

Денес е утврдено дека Црната смрт ја предизвикува бактеријата Yersinia pestis: За првпат болеста избила во пустината Гоби, во Азија, доцните 1320-ти години. Се уште никој не знае зошто и од таму по каравански трансферзали се проширила кон западот.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.