Да се запознаеме; Исповед на еден ВИРУС Да се запознаеме; Исповед на еден ВИРУС
1. ЗОШТО НЕ СУМ ЖИВ КАКО И ДРУГИТЕ? Стар сум колку што е стар и животот. Постар од повеќето видови на Земјата. Но, мене,... Да се запознаеме; Исповед на еден ВИРУС

1. ЗОШТО НЕ СУМ ЖИВ КАКО И ДРУГИТЕ?

Стар сум колку што е стар и животот. Постар од повеќето видови на Земјата. Но, мене, вирусот, она лошо момче кое многумина мачи секоја зима, научниците не ме сметаат за живо суштество. Објаснуваат дека јас сум способен да се размножувам само ако сум во некоја жива клетка. Во многу енциклопедии тврдат дека веројатно јас сум единствениот преостанат вистински природен непријател на човекот.

2. КОЛКУ СУМ МАЛ?

Составен сум од два или три дела: генетски материјал од ланецот на ДНК или РНК, кој носи информација за наследните карактеристики и протеинска обвивка која што го штити тој материјал. Некои имаат и уште еден слој над неа, наречен липиден капут. По облик може да бидам различен. Некои мои сродници личат на топче, некои на ракета, други пак, се сосема поразлични. Едни од нас за свои домаќини ги избираат растенијата, други животните или луѓето, а некои и бактериите. Толку сме мали што не може да не видат дури ни и со обичен светлосен микроскоп.

 

3. КОЛКУ ДОЛГО СЕ ПОЗНАВАМЕ?

Научниците веруваат дека вирусите настанале многу пред човекот и дека од секогаш го следат. На примиер, болеста вариола вера, почнала да се шири околу 10.000 година п.н.е. во Африка, а се претпоставува дека до луѓето стигнала преку глодарите.

4. КАКО ДА ГО ОСВОЈАМ СВЕТОТ?

Како и многумина и јас сакам да го освојам светот и да владеам со него. За да го постигнам тоа воопшто не бирам средства. Ги напаѓам белите дробови, кожата, нервниот систем, но и многу други внатрешни органи на човекот.

5. КАКО МЕ ПРЕНЕСУВААТ?

Името – вирус, доаѓа од латинскиот збор – отров. Сите се прошируваат на различни начини. Ги пренесуваат инсектите или некои паразити (комарци, крлежи, болви,…). Човекот ги шири со кашлање, кивање или преку крвта. Често пати извор на зараза се загадена вода или храна.

6. КАКО ДА СЕ ЗАЛАЖАТ ЧУВАРИТЕ НА ОРГАНИЗМОТ?

Кога ќе влезе во организмот, вирусот го активира одбранбениот систем на телото (имунитетот). Се создаваат голем број војници (анти-тела) кои се впуштаат низ циркулацијата да го пронајдат натрапникот и да го уништат. Ако имуниот систем е во добра состојба, организмот брзо и лесно ќе се одбрани, но ако е слаб, тогаш ќе падне болен и ќе му треба повеќе време додека да ги збие своите редови и да го одбие нападот. Често пати е потребно и пиење сирупчиња или друга терапија.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.