Џигерот од бела мечка смртоносен за човекот?! Џигерот од бела мечка смртоносен за човекот?!
Поларните мечки се месојади и се наоѓаат на самиот врв на ланецот на исхрана. Таквата поставеност им носи големи количини на витамин – А,... Џигерот од бела мечка смртоносен за човекот?!

Поларните мечки се месојади и се наоѓаат на самиот врв на ланецот на исхрана. Таквата поставеност им носи големи количини на витамин – А, чиј вишок, бидејќи не се раствора во вода не се исфрла преку мокрењето, туку останува во филтрите на организмот, односно во црниот дроб (џигерот). Заради тоа, белите мечки и до некаде фоките, во својот црн дроб имаат огромни количини витамин – А. Како ниту едно друго животно на нашата планета!

И двата вида се хранат со риби, кои пак, како единствена храна ги имаат алгите богати со витамин – А. Кога ќе ја изедат рибата мечките и фоките во себе ја внесуваат сета содржина на витамин – А, што ја содржи рибата. Имајќи предвид дека мечките јадат и фоки, се потврдува фактот дека во нивниот организам се внесуват огромни количини од витаминот.

Препорачана дневна доза витамин – А за луѓето е помеѓу 0,7 и 0,9 милиграми. Таа количина е содржана во само една десеттинка од црниот дроб на белата мечка.

Ако целиот дроб би се испекол и би се послужил како вечера на некоја поларна научна експедиција, би било доволно да усмрти повеќе од 50 возрасни лица.

Опасната страна на овој витамин на потешкиот начин ја почувствувале група морепловци во 1596 година, во чии оброци имало и делови од црн дроб на бела мечка. Во Европа се вратиле едвај живи, со симптоми на тешко заболување.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.