Како се создал и колку е стар јагленот? Како се создал и колку е стар јагленот?
Пред околу 300 милиони години Земјата ја покривале мочурливи шуми полни со огромни растенија. Како што изумирале тие тонеле во тиња. Тињата постепено се... Како се создал и колку е стар јагленот?

Пред околу 300 милиони години Земјата ја покривале мочурливи шуми полни со огромни растенија. Како што изумирале тие тонеле во тиња. Тињата постепено се претворала во цврста почва. Растенијата гниеле, притиснати од тешките слоеви на почвата.

Загревани од вулкански ерупции, кои во тоа време биле мошне чести, изгниените стебла не можеле да се запалат бидејќи во длабоките слоеви немало кислород, па само силно се загревале. Така, во текот на милиони години се претворале во јаглен.

Јагленот, заедно со нафтата и земниот гас, ги нарекуваме фосилни горива бидејќи се создале од остатоците на праисториските растенија и животни.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.