Како школките прават бисер? Како школките прават бисер?
Пред околу 4.000 години еден кинески рибар, за да ја задоволи гладта, одлучил да отвори неколку морски школки и веројатно станал првиот човек кој... Како школките прават бисер?

Пред околу 4.000 години еден кинески рибар, за да ја задоволи гладта, одлучил да отвори неколку морски школки и веројатно станал првиот човек кој ги открил бисерите!

Тие се создадени од потполно идентича седефеста материја од која се состои внатрешноста на школките. Посебно на остригите. Нивната мускулна внатрешност е мошне нежна, па за да се заштити од повреди телото лачи течност која е иста по состав како и самиот седеф.

Со неа се обложува целата внатрешност, но и случајно внесените зрна песок кои можат да го повредат мекиот мускулест дел на школката. Така, штом во неа ќе падне нешто тврдо, остригата го обложува со неколку слоеви седеф. После неколку месеци во нејзината внатрешност ќе се формира повеќеслојна топчеста форма, односно бисер.

Постапката се прави и вештачки, во базени со школки во чија внатрешност се внесува зрнце песок или пак, сефед и за неколку месеци се собираат култивираните бисерни зрна.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.