Комарците ќе не вакцинираат против МАЛАРИЈА? Комарците ќе не вакцинираат против МАЛАРИЈА?
И покрај повеќегодишните напори и посветено работење, вакцина против болеста маларија се уште не е направена. Иако веќе има 20 – тина експериментални примероци,... Комарците ќе не вакцинираат против МАЛАРИЈА?

И покрај повеќегодишните напори и посветено работење, вакцина против болеста маларија се уште не е направена. Иако веќе има 20 – тина експериментални примероци, сите се во фаза на испитување. Секоја од нив на различни начини треба да го спречи развојот на предизвикувачот на маларијата, кој се наоѓа во организмот на еден вид комарци, кои кога ќе не каснат, несакајќи не инфицираат.

Но, сепак, се чини дека комарците би можеле да бидат и корисни. Завршени се првите експерименти кои што покажуваат дека идејата – комарците да се искористат како преносители на вакцината, се остварливи. Во нашето тело би ја внесувале преку нивната плунка, кога ќе не каснат.

Останува да се пресмета колку каснувања би биле потребни за да биде постигнат ефектот на успешно вакцинирање, како и начинот на кој вакцината би се внела во организмот на комарецот.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.