Научници создадоа ПАРФЕМ што се голта Научници создадоа ПАРФЕМ што се голта
Ново откритие на научниците од универзитетот Харвард би можело да предизвика револуција меѓу козметичките производи. Со помош на нивните колеги од Австралија тие направија... Научници создадоа ПАРФЕМ што се голта

Ново откритие на научниците од универзитетот Харвард би можело да предизвика револуција меѓу козметичките производи. Со помош на нивните колеги од Австралија тие направија таблета која што овозможува човечката кожа да лачи уникатен мирис.

Молекулите на ароматичната супстанца ќе се излачуваат преку кожата заедно со потта, па така, наместо распрскувач и шишенце, вашето тело ќе стане голем резервоар со парфем.

Најважната улога ќе ја имаат природните процеси на метаболизмот на телото, па бидејќи секој организам има свој карактеристичен метаболички процеси, секој од нас би испуштал уникатен мирис.

Иако овој производ се уште е во фаза на тестирање и не се знае кога би можело да се појави на пазарот, многумина сметаат дека токму тие таблети би можеле да се решението за непријатниот мирис на потта, но и голема помош на луѓето алергични на класичните парфеми.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.