


Научете неколку интересни работи за водата кои веројатно не сте ги знаеле. Дознајте за нејзината важност во одржувањето на животот на нашата планета, но и за многу други интересни факти.
- Водата е составена од два хемиски елемента: водорот и кислород
- Во нејзиниот молекул, за секој кислороден атом поврзани се по два атома на водород
- Постоењето на водата е клучно за животот на Земјата
- Водата може да се јави во три состојби: цврста, течна и гасовита
- Кога велиме вода се мисли на нејзината течна агрегатна состојба. Кога е цврста се нарекува – мраз, а кога е како гас ја нарекуваме – водена пара.
- Водата покрива околу 70% од површината на нашата планета
- Таа е добар растворувач на цврсти, течни и гасовити супстанци
- Чистата вода нема боја, мирис и вкус
- Водата врие на 100 степени целзиусови и се претвора во водена пара, а мрзне на нула и преминува во мраз.
- Водата е единствената супстанца во природата што на ладно се шири