Непознат јазик откриен во Малезија Непознат јазик откриен во Малезија
Во едно малото село, во близина на реката Пергау во Малезија, лингвистите пронашле луѓе кои зборуваат на јазик досега непознат за луѓето. Јазикот се... Непознат јазик откриен во Малезија

Во едно малото село, во близина на реката Пергау во Малезија, лингвистите пронашле луѓе кои зборуваат на јазик досега непознат за луѓето. Јазикот се нарекува “једек” и го зборуваат околу 300 лица.

За ова племе може да се каже дека во некои работи е поразвиено и од најнапредните култури. Во нивната заедница владее поголема родова еднаквост отколку во западните држави. Не одобруваат насилство, како ни натпревари меѓу децата.

Токму таквиот начин на живот се одразил на нивниот јазик во кој не постојат зборови што го означуваат терминот сопственост, како што се купување, продавање, позајмување или кражба. Меѓутоа, јазикот содржи премногу зборови кои означуваат размена, делење и соработка.

Лингвистите Niclas Burenhult и Joanne Yager од Универзитетот Лунд во Шведска, го откриле овој јазик додека го проучувале јазикот јахаи, што се зборува во истиот регион.

„Забележавме дека голем дел од селото зборуваше на друг јазик, користејќи зборови, фонеми и граматички структури кои не беа користени во јазикот јахаи. Овие зборови ме потсетија на аслиските јазици што се зборуваат во другите подрачја на Малајскиот Полуостров“, вели докторантот од Универзитетот „Лунд“, Џоана Јагер.

Во светот се говорат околу 6 илјади јазици. Околу 80 проценти од светското население зборува еден од најчестите јазици во светот, а 20 проценти зборуваат на останатите 3.600 јазици.

Истражувачите веруваат дека речиси половина од светските јазици ќе бидат исчезнати во рок од 100 години.

Со помош на документирање и негување на јазиците како што е једек, лингвистите се надеваат дека ќе придонесат за сочувување на помалку познатите култури, бидејќи модерните и урбани општества ги загрозуваат и неповолно делуваат врз културните богатства на малите заедници.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.