НЕВЕРОЈАТНО: Пред 6.000 години Сахара била зелена?! НЕВЕРОЈАТНО: Пред 6.000 години Сахара била зелена?!
Тим истражувачи од Универзитетот во Аризона, преку детална анализа на морски седименти собрани во западна Африка, утврдиле дека во регионот некогаш имало десеткратно повеќе... НЕВЕРОЈАТНО: Пред 6.000 години Сахара била зелена?!

Тим истражувачи од Универзитетот во Аризона, преку детална анализа на морски седименти собрани во западна Африка, утврдиле дека во регионот некогаш имало десеткратно повеќе врнежи во однос на она што се регистрира денес.

Според Џесика Тирни, која ја предводела студијата, тоа би значело дека огромниот регион на пустината Сахара изгледал многу поразлично и бил многу погостопримлив за луѓето и животните. Овој период го нарекле „Период на зелената Сахара“, а оценуваат дека се случил пред околу 5.000 до 11.000 години.

Археолошките докази утврдиле и дека човекот од тој регион постепено се повлекол пред околу 8.000 години.

По масовниот егзодус од пустината, децении подоцна, некои заедници, под необјаснети околности, повторно се вратиле и го населиле истиот регион.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.