ОДИ КАКО ПОДМАЧКАНО; Што е тоа сила на триење? ОДИ КАКО ПОДМАЧКАНО; Што е тоа сила на триење?
Сте се запрашале ли некогаш зошто толку лесно се лизгаме кога ќе згазнеме на мраз? Или пак, зошто книгата набрзо ќе запре ако ја... ОДИ КАКО ПОДМАЧКАНО; Што е тоа сила на триење?

Сте се запрашале ли некогаш зошто толку лесно се лизгаме кога ќе згазнеме на мраз? Или пак, зошто книгата набрзо ќе запре ако ја турнеме по површината на масата?

– Тоа е така бидејќи на неа делувала некоја сила која што не дозволила да се лизга подолго.

Станува збор за силата на ТРИЕЊЕ. Онаа сила што се создава на допирните површини помеѓу две тела кога тие ќе почнат да се движат во спротивни насоки и притоа го забавува нивното движење.

 

Сега допрете ги дланките и обидете се да ги протриете. Ќе почувствувате дека за да се движат треба да употребите сила, со која го совладувате триењето. Исто се случува и ако едната дланка е во мирување, а другата се движи. Слично како што е случајот со книгата.

Но, што би се случило ако нашата книга ја турневме по мразот?

– Точно, книгата ќе се лизгаше подолго време.

Но, зошто?

Тајната се крие во различната рапавост на двете површини. Мразот е мазен, а масата е рапава. Затоа и ОТПОРОТ што се јавува при триењето со книгата е различен.

Мазните површини предизвикуваат многу помала сила на триење во споредба со рапавите. Па  затоа и отпорот што се јавува при триењето е помал кај мазните, а поголем кај рапавите тела.

Како заклучок би можеле да наведеме – колку што се порапави телата што се допираат, толку и отпорот кој што се создава при движењето е поголем. Затоа, триењето кај мразот е многу мало. Па, за да не се лизнеме, ѓонот на нашите зимски чевли е мошне рапав. Тоа ќе го зголеми отпорот и ќе се намали лизгавоста.

Во индустријата пак, за да се намали триењето, двете контактни површини се премачкуваат со масла или со разни средства за подмачкување.

За да го почувствувате тоа повторете го о бидот со дланките, но овој пат со сапуница на рацете.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.